Словенске Горице![]() Словенске Горице[1][2][3] [4] (словенечки: Slovenske gorice, германски: Windische Bühel или Windische Büheln) е најголемиот ридски регион во Словенија, помал дел се наоѓа во австриската провинција Штаерска. Се наоѓа на североисточниот дел од земјата и има површина од 1017 км². Ги опфаќа западните словенечки ридови и источните словенечки ридови (исто така наречени Прлекија). Регионот е познат по своите лозја и вина. Централниот град и општина е Ленарт. ИмеРидовите биле потврдени во историските извори во 1123 година како Колес (и како Пухелен во 1296 година и Пјухелн во 1407 година).[5] Се претпоставува дека името Словенске Горице првично се однесувало на помала централна област на планинскиот ланец, помеѓу Мурец и Ленарт.[6] ПрегледОбласта Словенске Горице се состои од ценозоски ридови, претежно пониски од 400 метри во висина, и е една од најиндивидуализираните пејзажи на Словенија. Постои голем број на ниски ридови пресечени со бројни речни долини, кои се протегаат од северозапад кон југозапад скоро линеарно. Тие се граничат со реката Мура на исток, со реката Драва на запад, со Хрватска на југ и со реката Гамлиц во Австрија на север. Климата е умерена континентална клима со опаѓање на количината на врнежи и зголемување на просечните температури од запад кон исток. Има и изразени вертикални разлики поради температурната инверзија. Просечните годишни врнежи се движат од 900 до 1000 милиметри, при што најголем дел паѓа во периодот на раст. [7] Во 1991 година таму живееле 92.320 жители, но оваа бројка постепено опаѓа. Фармите се густо распоредени во долги ленти долги колку ридовите. Регионот е вклучен во европската мрежа „Натура 2000". Тоа е единствениот регион за гнездење на модроврана (Coracias garrulus ) во Словенија. Остаанти птици се: зелениот клукајдрвец (Picus viridis), лисестото циганче (Phoenicurus phoenicurus), грлица (Streptopelia turtur), сиво свраче (Lanius collurio) и жолтогрлата стрнарка( Emberiza necitrine Therella ). Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia