Слогница речовска
Слогница речовска или позната под целосното име „Словенско-населенска македонска слогница речовска“ — книга издадена во 1880 година во Софија од страна на Ѓорѓија Пулевски.[1] Важи за прва печатена македонска граматика[2], но и правопис, бидејќи истата обработува правила за правилно пишување на македонскиот јазик во поглед на правопис и граматика. Првичната замисла на Пулевски била да издаде серија книги за граматиката и правописот на македонскиот јазик кои би се користеле во образованието во Македонија, но таа идеја не се остварила и се напечатила само денешната Слогница речовска која била наменета за шесто одделение основно образование. Покрај тоа, Пулевски планирал да издаде и втор дел од книгата, но и тоа не се остварило па така денес е познат само првиот и единствен дел. ПисмоПри пишување на Слогница речовска, Пулевски користел писмо кое, според него, би било разбрано од сите Словени. Така, писмото е составено од македонски и старословенски букви.
Наводи
ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia