Смилка Здравковска
Смилка Здравковска (Скопје, 14 јануари 1947) — македонска математичарка. ЖивотописРодена е во Скопје на 14 јануари 1947 година. Неколку пати била победник на градските и републичките натпревари по математика. Во 1964 година била во југословенскиот тим на Шестата меѓународната олимпијада по математика во Москва[1]. Дипломирала на Московскиот државен универзитет „Ломоносов“ во 1969 година, а докторирала на Манчестерскиот универзитет во 1973 година на тема „Тополошки објекти во теоријата на хомотопијата“. Во 1978 година била избрана за вонреден професор на Природно-математичкиот факултет во Скопје.[2][3] Во својата научна кариера објавила трудови во областа на топологијата, теоријата на категориите и историјата на математиката. Во 1980 година била уредник на списанието „Mathematical Reviews“. Особено е заслужна за развојот на топологијата во Македонија.[2][3] Соуредник е на книгата Golden Years of Moscow Mathematics издадена во 1993 од страна на Американското математичко друштво и на Лондонското математичко друштво.[4] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia