Снежана Иљовска
Снежана Иљовска (Скопје, 31 октомври 1945) — специјалист по детска и превентивна стоматологија. ЖивотописРодена е во Скопје на 31 октомври 1945 г. во Скопје. Средно образование, гимназија, завршила во 1964 година. На Стоматолошкиот факултет во Скопје дипломирала во 1971 година. Во 1977 година. се здобила со звањето специјалист по детска и превентивна стоматологија. Докторирала на Стоматолошкиот факултет во Скопје, во 1988 година, со дисертацијата „Клинички и лабораториски испитувања од дентален аспект кај инсулинозависен дијабет (тип 1) во детска возраст и адолесенција“. Првото вработување на Иљовска било во 1974 година, на Клиниката за детска и превентивна стоматологија во Скопје, Стоматолошки оддел при Медицинскиот факултет. Во 1977 година, била избрана за асистент на Катедрата за детска и превентивна стоматологија и во истото звање била преизбирана уште двапати (1981, 1985). Во 1989 била избрана за доцент на истиот предмет, а во 1994 година за вонреден професор. Во звањето редовен професор на Катедрата за детска и превентивна стоматологија при Стоматолошкиот факултет во Скопје била избрана во 1999 година. На професионален план, професор Иљовска го насочила својот интерес кон згрижување на трауматизирани заби во детската возраст и кон спроведување кариес профилактички мерки на млади трајни заби.[1] Во 1998 година, професор Иљовска била управник на Клиниката за детска и превентивна стоматологија при Стоматолошкиот клинички центар. Од 1998 година до пензионирањето била раководител на истоимената Катедра на Стоматолошкиот факултет. За својата севкупна дејност проф. д-р Снежана Иљовска била наградена со плакета (1981), благодарница (1989) и со повелбата „Д-р Трифун Пановски“ (1998), сите доделени од Македонското лекарско друштво.[2] ТрудовиИљовска учествувала во изведувањето на научни проекти и е автор на 87 статии како и на учебникот „Организација на стоматолошката служба“.[3] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia