Снежана Конеска Руси
Снежана Конеска Руси (родена на 8 декември 1952 во Ниш) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица, и режисерка. Снежана Конеска во својата кариера има одиграно поголем број театарски претстави и филмски улоги. ЖивотописСнежана Конеска Руси е родена во Ниш, НР Србија, ФНР Југославија на 8 декември 1952. Конеска се преселила во Скопје, каде завршила своето основно и средно образование. Таа дипломирала на Факултетот за драмски уметности (1975/ 1976) во класата на професорите Владимир Милчин и Љубиша Георгиевски. Таа била успешен студент и била прогласена за најдобар студент за 1976 година.[1] Македонската јавност ја запаметила Конеска по своите први улоги и придонеси на Детската радио драма во МРТ, каде била член од 1963 до 1973 година. Од 1972 до 1978 година била водител на Македонското радио. Своите први улоги ги одиграла во 1973 година, а во 1975 година ја добила и наградата за најдобар млад глумец од списанието „Млад борец“. Од 1978 година станала редовен член на Македонскиот народен театар, и работи се до нејзиното пензионирање во 2019 година. Таа била директор на Македонски народен театар во периот од 2000 до 2004 година.[1] Мајка е на едно дете, ќерка. НаградиНекои од наградите на Снежана Конеска се:[1]
Филмографија
Надворешни врски
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia