Снежна ѕвингалка
![]() Снежната ѕвингалка (науч. Montifringilla nivalis) е мала врапчевидна птица, која и покрај тоа што е ѕвингалка, не спаѓа во семејството на зебите (или ѕвингалките), туку во семејството на врапчињата. Таа е постојан жител на планините, типично над 1.500 метри надморска височина, низ јужна Европа, Средна Азија, до западна Кина. Ја има и во Македонија. Опис![]() Снежната ѕвингалка е големка набиена птица, со должина од 16.5 до 19 см. Има кафеави горни делови на телото, бели долни делови и сива глава. Има долга, тенка бела линија на крилото. Летно време, клунот е црн и има црно лигавче. Зимно време, лигавчето се губи, а клунот станува жолт. Половите се слични. При лет крилјата се црни со големи бели ознаки, а опашката е обрабена со бело. Пеењето на оваа птица е пријатно, весело чрчорење со многу треперења и варијации на крцкави повици. ПоведениеЖивеалиштето на оваа птица се планините, Алпите, Карпатите, Балканот, Кавказ, обично здружени во мали јата. Зимно време знаат да се симнат во подножјата и во градовите и се однесуваат исто како другите врапчиња, летаат брзо, маневрираат во воздухот, скокаат на земја. Се хранат со семиња, но и со некои инсекти. Бестрашни се, и пасат на скијалиштата. Ретко може да се видат под 1.000 метри надморска височина дури и во најстудените зими. Со оглед на живеалиштето, тие гнездат подоцна, кон крајот на мај, почетокот на јуни. Гнездото го прават во пукнатините на крапите, во дувлата на глодачите или во дупките на градбите. Несат 3-4 бели јајца. Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia