Совршена конкуренцијаСовршената конкуренција е пазарна структура во која се појавуваат голем број на производители и купувачи, кои произведуваат производи со идентични одлики, во која не постојат бариери за влез и излез од секторот (влезот и излезот на фирми во индустријата е слободен) и цените се однапред утврдени од страна на пазарот. ОсобеностиПазарот со совршена конкуренција е оној на кој поединечните продавачи и купувачи немаат никакво влијание врз пазарната цена, т.е. еластичноста на понудата и еластичноста на побарувачката се бесконечни. Во принцип, пазарот може да биде совршено конкурентски само на едната страна, т.е. само на страната на побарувачката или на страната на понудата, но вообичаено, овој поим подразбира совршена конкуренција на двете страни. За да постои совршена конкуренција треба да бидат задоволени следниве услови:[1][2][3]
Првобитно, поимот конкурентски пазар ја опфаќал само претпоставката за повеќе купувачи и продавачи, а подоцна бил додаден условот за совршени информации, а Еџворт го додал и условот за деливост на производот, како неопходен услов за пазарните учесници да немаат влијание врз цената.[4] Овој модел на пазарна структура е идеален и рационално ги користи сите расположливи ресурси. Во услови на совршена конкуренција, во рамките на целата индустрија постојат голем број на мали и независни производители. Пазарната крива на побарувачка на доброто X во услови на совршена конкуренција има опаѓачки наклон, т.е. со пораст на цената бараната количина опаѓа. Кривата на побарувачката за доброто X на поединечното претпријатие е хоризнонтална линија, што значи станува збор за совршено еластична побарувачка (мало покачување на цената доведува до нагло опаѓање на побарувачката т.е. до нула). Целта на претпријатијата во услови на совршена конференција е да го максимизираат профитот. Со секое зголемување на производството, а со тоа и зголемување на профитот, претпријатието ги зголемува трошоците. Оттука, на претпријатието му се исплаќа да го зголемува производството сè додека маргиналниот приход (MR) е поголем од маргиналниот трошок (MC). Праволото за максимизирање на профитот на претпријатие во услови на совршена конкуренција врз основа на законот за опаѓачки приноси гласи: MR = MC. Ова правило може да биде корисно и во услови кога претпријатието поради ниските пазарни цени бележи загуба во работењето. Со други зборови, ако фирмата е соочена со остварување на загуба, за неа е рационално да се изнајде обемот на производство кое ја минимизира загубата. Пазарна рамнотежаРамнотежата на конкурентскиот пазар се остварува под следниве услови:[5]
Кога се задоволени овие два услова, тогаш на пазарот се постигнува рамнотежна цена, т.е. пазарната цена нема тенденција да се менува сè додека не се променат условите на понудата и побарувачката. Во продолжение, првиот услов - секоја фирма да произведува соодветно производство - ќе биде задоволен ако:[5]
Пазарната рамнотежа при конкуренција се одликува со две својства:
Меѓутоа, залучокот дека конкуренцијата овозмзожува оптимален обем на производството не важи ако во индустријата постојат опаѓачки маргинални трошоци, предизвикани од надворешните економии на обемот. Во тој случај, со зголемување на обемот на вкупното производство во индустријата доаѓа до намалување на маргиналните и просечните трошоци и намалување на цената на производните фактори, меѓутоа маргиналните трошоци на поединечната фирма се над нивото на општествените маргинални трошоци и фирмата нема да го зголеми своето производство. Оттука, секоја фирма ќе произведува до точката во која нејзините маргинални трошоци се изедначуваат со пазарната цена, но вкупното производство во индустријата ќе биде помало од оптималното ниво, набљудувано од општествена гледна точка.[7] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia