Сокол ластовичар
![]() ![]() ![]() Сокол ластовичар (Falco subbuteo) е мал слаб сокол. Тој им припаѓа на тесно поврзана група слични соколи кои често се сметаат за подрод Hypotriorchis.[2] ОписВозрасните единки се сивкасти на врвот со темна круна и две кратки црни ленти. Грлата им се бели, бутовите им се ненабраздени и останатиот дел од телото им е белкаст со црни ленти. Половите се слични. Младенчињата се вообичаено многу покафеафкасти, со намалени горни делови и набраздени кожести бутови и се покриени зад опашката.[3] Соколот ластовичар има посебни прволетни перја.[4] Таксономија и систематизацијаОвој вид беше првично откриен од Карл Линеј во неговото дело „Систем на природата“ во 1758 г. како Falco subbuteo.[5] Моментално се познати два подвида:
Дистрибуција и статусОвој вид го има низ Африка, Европа и Азија. Тој е птица-преселница на долга дистанца, презимувајќи во Африка и Азија. Поведение и екологијаСоколот ластовичар е птица која живее на отворени земјишта како обработливо земјиште, мочуриште, тајги и савани. Тие се широко распространети во ниските предели со расфрлани мали шуми. Тоа е елегантна птица ловец, која се појавува како срп во лет со нејзините долги истакнати крилја и коцкеста опашка. Таа лета моќно и брзо. Јаде големи инсекти, како што се вилините коњчиња, кои ги пренесува од канџите за да јаде со клунот додека лета поспоро во кругови.[6] Таа исто така лови мали лилјаци и мали птици како што се ластовицата, врапчето и др. Нејзината брзина и акробатски способности ѝ овозможуваат да зема ластовици па дури и врапци на крилјата, и селски или градски ластовички. Испушта карактеристичен звук, како аларм. Таа е позната како вознемирувач на ластовиците додека тие кокошарат и ги растураат кокошарниците.[3] Додека се селат, тие можат да се движат во мали групи. Неговите гнезда се стари гнезда од врани и други птици. Одбирањето на дрвото е најчесто работ на дрвото или екстремните рабови од каде птицата ќе може да ги надгледува натрапниците од дистанца. Таа положува 2-4 јајца. Инкубацијата може да трае до 28 дена и двата родители ја делат оваа должност, иако женката го врши поголемиот дел од задачата.[7] Таа е многу храбра птица и била користена во соколарството, тренирана да лови птици како патки, славејчиња, пупунци,гаврани и др.[8] Наводи
![]()
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia