Сократ Маркилов
Сократ Данаилов Маркилов (1924 - 1993) — еден од најистакнатите припадници на македонското национално движење и маченик за македонската национална кауза во комунистичка Бугарија. Маркилов е роден на 12 април 1921 година во селото Бутково, Валовишко, Егејска Македонија. Во Втората светска војна, тој дезертирал од бугарската војска и се придружил на антифашистичкото движење. По војната живеел во градот Петрич, каде поради својата македонска етничка определба бил прогонуван од бугарските државни органи (по 1956 година). Неколкупати бил фрлан во бугарските затвори, каде одлежал 17 години општо. Првиот пат добил пресуда од 12 години, а во 1974 од 5 години затвор. Неговото семејство било интернирано во градот Ловеч, при што жена му се самоубила. Маркилов е еден од основачите и најактивни дејци на Независната македонска организација „Илинден“ (во 1968 година), сè до нејзиното откривање во 1973 година, кога е уапсен. Подоцна е и еден од основачите на ОМО „Илинден“ (април 1990). Учествува во организацијата на првиот и воедно најмасовен собир на Македонците кај Роженскиот манастир во 1990 година. Од тоа време во сеќавање ќе останат неговите искажувања:
Умирел на 4 август 1993 во Бања Банско, Банско. Погребен е, по негова желба, во Петрич. Извори
Литература
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia