Сона
Сона (La Saône) — река во источна Франција (департмани Вогези, Горна Сона, Златен Брег, Сона и Лоара, Ен и Рона) и 205 општини [1], десна притока на Рона. Долга е 473 km (деветта најдолга река во Франција), има сливно подрачје од 29.321 км2 ИменувањеИмето Сона произлегува од името на келтската божица Сукона, која се смета за заштитничка на реката.[2] Латинското име на реката е Arar, што претставува удвојување на индоевропскиот корен ar, што значи вода. Според Гај Јулиј Цезар, ова го одразува фактот дека е тешко да се одреди нејзината насока на течење поради бавното движење на водата.[3] Географски особеностиИзвор, тек, устиеРеката Сона извира на 418 m надморска височина, во центарот на малиот град Виоменил (департман Вогези), во јужниот дел на Лотарингското Плато, западно од ниските планини Вогези. По целата своја должина, Сона тече во правец југ или југ-југозапад, низ Сонско-ронската меѓупланинската депресија и е типична рамничарска река со широка долина и мирен тек. Се влева во реката Рона од нејзината десна страна, на 164 m надморска височина, во близина на центарот на градот Лион. Сливно подрачје, притокиСливот на Сона зафаќа површина од 29.321 км2, од кој мал дел е на швајцарска територија и претставува 30,67% од сливот на Рона. На запад и северозапад, сливот на Сона се граничи со сливните подрачја на реките Лоара и Сена (од сливот на Атлантскиот Океан), на север, североисток и исток - до сливните подрачја на реките Меза и Рајна (од сливот Северното Море), а на југоисток – со сливните сливови на реката Ен и другите помали десни притоки на Рона. Главни притоки:
Хидролошки показателиВодите на Сона предимно произлегуваат од врнежи со нагласени зимски поплави (ноември до април) кога нејзиното ниво се зголемува за 3 – 4 m. Таа е една од најполноводните француски реки со просечен годишен проток во близина на устието од околу 400 m³/сек . Економско значење, населбиСона е пловна речиси по целата нејзина должина, нејзиното корито е засечено и поправено со водозаштитни насипи. Преку изградени канали (во 17 и 18 век) се поврзува со реките: Мозел (преку Источниот канал), Лоара (Централен канал), Марна (Канал Марна-Сона), Сена (Бургундски канал) и Рајна (канал Рона-Рајна). По целото нејзино течение, долината на Сона е густо населена, а најголеми населби се: Шалон-на-Сона, Макон и Лион. ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia