Рона (департман)
Рона (француски: Rhône, франкопровансалски: Rôno) е департман во регионот Оверњ-Рона-Алпи. Департманот го носи името на реката Рона. ИсторијаДепартманот Рона е создаден на 12 август 1793 г., со разделувањето на некогашниот департман Рона и Лоара на два дела: Рона и Лоара. Во прво време, границата на департманот се поклопувала со самиот град Лион. Но кога градот се проширил и во другите општини, департманот е проширен за да ги опфати новосоздадените предградија. ГеографијаПозначајни реки во департманот се Рона и Сона (која се влева во Рона во Лион). Рона се граничи со департманите Ен, Изер, Лоара и Сона и Лоара. Над 75% од населението живее во Градската заедница Лион. Освен Вилфранш на Сона, сите други најголеми места ѝ припаѓаат на градската заедница (1999):
Поврзано
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia