Софе Штерјоски
Софе Штерјоски (Лавчани, Кичевско, 20 април 1949 - Скопје, 1984) — новинар на Радио Скопје, еден од најпознатите македонски хумористи и сатиричари, автор на повеќе книги за деца. ЖивотописШтерјоски е роден на 20 април 1949 година во кичевското село Лавчани. Основно образование завршил во Подвис, а гимназија во Кичево. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје на групата Историја на книжевностите на народите на СФРЈ со руски јазик. Од јануари 1971 станал новинар во редакцијата за хумор на Македонското радио во Скопје. Пишувал хумор и сатира, поезија и проза за деца и за возрасни, драмски текстови и преводи. Го создал радио ликот Аврам кој го толкувал радио глумецот Борис Мајсторов. Објавувал во Македонија и во републиките и покраините од поранешна Југославија каде добил многу награди на конкурси за раскази, песни, афоризми и за радио емисија. Посмртно бил добитник на Повелба на „Јеж“ за исклучителна авторска соработка и придонес за угледот на “Јеж“ и признание за животно дело. Починал на 18 април 1984 година во Скопје. Библиографија
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia