Софија Тренчовска
Софија Тренчовска (родена на 9 октомври 1975 во Струмица)[1] е македонски филолог, писател и и културен активист. Уредник е на „Проект Растко – Македонија“, дигитална библиотека на културата и традицијата на Македонија.[2] Живее и работи во Велика Британија. ЖивотописОсновно и средно економско училиште завршила во родниот град. Дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде посетувала и постдипломски студии (магистерска теза „Митопоетиката во раните драми на Јордан Плевнеш“) и завршила докторски студии. По професија е дипломиран филолог по македонска и јужнословенска книжевност, со општа и компаративна книжевност. Моментно е докторски кандидат. Извесно време работела како новинар во културната редакција на дневниот весник Вечер каде што пишувала текстови од областа на образованието, литературата и филмот и направила интервјуи со повеќе значајни личности од културата и уметноста. Била ангажирана во подготовка и приредување на повеќе книжевни изданија, а од основањето (2007) е уредник на електронското издание “Проект Растко – Македонија“.[3] Учествува на меѓународни симпозиуми и научни собири. Пишува и објавува текстови од областа на книжевноста и уметноста во повеќе периодични печатени и електронски списанија, меѓу кои: Премин, Акт, Современост, Сум, Македоника, Mediantrop и др. Преведува од англиски, српски, хрватски и бугарски на македонски. Со сопругот Горан Тренчовски е со-основач на Интернационационалниот филмски фестивал Астерфест, при што е главен помошник во реализацијата. Трудови (избор)Авторски текстови
Преведувач
Уредник, директор
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia