Соча
Соча (словенечки: Soča, италијански: Isonzo, фурлански: Lusinç) — река во западна Словенија и североисточна Италија со должина од 138 км, од кои 96 км се на словенечка, а 43 км на италијанска територија.[2] Има алпски карактер и извира од долината Трента и Јулиските Алпи во северозападна Словенија, на надморска височина од 876 м.[2] Тече низ Бовец, Кобарид, Толмин, Канал, Нова Горица, Горица, влевајќи се во Јадранското Море кај италијанскиот град Монфалконе (Тржич). ЗабележителностиРеката има карактеристична смарагдна боја и претставува една од ретките во светот што ја задржува таквата боја по целото течение.[3] Оваа особина е опишана во поемата „Реки“ на истакнатиот италијански поет Џузепе Унгарети. Соча претставува и инспирација за поемата „На Соча“ (Soči) на Симон Грегорчич,.[4] која се смета за ремек-дело на словенечка поезија. Соча е позната по автохтоната пастрмка главатица која живее во горното течение на реката. Денес, таа важи за загрозена поради воведувањето на други видови во меѓувоениот период.[5] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia