Спартак
Спартак (грчки: Σπάρτακος; латински: Spartacus ; околу 111–71 п.н.е.) бил тракиски гладијатор кој бил еден од избеганите водачи на робови во Третото робовско востание - големо востание на робови против Римската Република. Освен за настаните од востанието многу малку се знае за него, а сочуваните историски документи понекогаш се контрадикторни. Сите извори наведуваат дека бил поранешен гладијатор и успешен војсководец. ПотеклоПлутарх го опишува Спартак како „Тракиец од номадско потекло“,[2] и се претпоставува дека тоа се однесува на племето Маиди.[3] Апијан вели дека бил „тракиец по раѓање, кој служел како војник кај Римјаните, но потоа бил затвореник и продаден како гладијатор“.[4] Флориј го опишува како „тракискиот платеник кој станал римски војник, кој дезертирал и станал роб, а потоа, поради неговата сила, гладијатор“.[5] Авторите го наведуваат тракиското племе Маиди,[6][7][8] кое го населувало подрачјето на југозападниот дел од Тракија, долж границата со римската провинција Македонија – денешна југозападна Бугарија.[9] Плутарх, исто така, пишува дека сопругата на Спартак, пророчица од племето Маиди, била поробена заедно со него. Поробување и бегство![]() Според различните извори и нивното толкување, Спартак бил заробен од легиите. Спартак бил обучен во гладијаторското училиште (лудус) во близина на Капуа. Тој бил гладијатор во тешка категорија наречени мурмили. Овие борци носеле голем долгнавест штит (scutum) и користеле меч со широко сечило (гладиус), долг околу 45 см.[8] Во 73 п.н.е., Спартак бил меѓу групата гладијатори кои планирале бегство.[10] Околу 70 [11] робови биле дел од заговорот. Иако малкубројни, заплениле кујнски прибор, успеале да побегнат од училиштето и заплениле неколку вагони со гладијаторско оружје и оклопи.[10] Избеганите робови ги поразиле војниците испратени по нив, го ограбиле регионот околу Капуа, во своите редови регрутирале многу други робови и конечно се повлекле во поодбранлива позиција на планината Везув.[12][13] Откако се ослободиле, избеганите гладијатори ги избрале Спартак и двајца галски робови - Крикс и Ономеј - за свои водачи. Трето робовско востание![]() Одговорот на Римјаните задоцнил затоа што римските легии биле ангажирани во борбата против бунтот во Хиспанија и Третата Митридатска војна. Рим испратил милиција под команда на преторот Гај Клавдиј Глабер, кој го опколил логорот на Спартак на планината Везув, со надеж дека ќе се предаде поради глад. Римјаните биле изненадени кога Спартак со своите луѓе употребиле јажиња направени од винова лоза за да се спуштат по стрмната страна од вулканот и го нападнале неутврдениот римски логор одзади, убивајќи го најголемиот дел од милицијата.[14] Бунтовниците ја поразиле и втората експедиција пратена против нив, и за малку ќе го заробеле командантот, и ги убиле неговите поручници и ја заплениле нивната воената опрема. По овие успеси, сè повеќе робови се приклучувале кон Спартак, но и многу овчари и сточари од регионот, така што бројот на востаниците достигнал околу 70.000. Спартак се покажал како одличен тактичар, што укажува на тоа дека можеби имал претходно воено искуство. Иако бунтовниците немале воена обука, тие вешто ги користеле материјалите кои им биле на располагање и имале необични тактики против дисциплинираната римска војска.[15] Зимата 73–72 год. п.н.е. ја поминале во обука, вооружување и опремување на новите регрути и почнале да ги напаѓаат и градовите Нола, Нучерија, Тури и Метапонтум.[16] Пролетта 72 п.н.е., бунтовниците ги напуштиле зимските логори и тргнале на север. Истовремено, Римскиот Сенат, вознемирен од поразот на преторијанските сили, испратил две конзуларни легии. Двете легии биле успешни на почетокот - во близина на планината Гарган ја поразиле групата од 30.000 бунтовници командувани од Крикс - но потоа биле поразени од Спартак. Овие порази на различен начин се прикажани во двете најсеопфатни (зачувани) записи од востанието од Апијан и Плутарх.[17][18] Вознемирени од заканата од робовите, Сенатот го назначил Марк Лициниј Крас, најбогатиот човек во Рим и единствениот доброволец за таа позиција, да го задуши бунтот. На Крас му биле доделени осум легии, кои броеле над 40.000 обучени римски војници;[19] Крас вовел остра дисциплина, повторно воведувајќи ја казната „ децимација “, во која една десетина од војниците биле убиени за останатите војници повеќе да се плашат од него отколку од непријателот.[19] Откако Спартак со своите следбеници, од нејасни причини се повлекле на југот на Италија, на почетокот од 71 г. п.н.е. се вратиле на север. Крас во меѓувреме распоредил шест од неговите легии на границите на регионот, а на својот легат Мумиј му дал две легии да маневрира зад Спартак. Иако му било наредено да не ги напаѓа бунтовниците, Мумиј нападнал во навидум погоден момент, но бил разбиен. По ова, легиите на Крас победиле во неколку битки, принудувајќи го Спартак преку Луканија да оди на југ. Кон крајот на 71 година п.н.е., Спартак се утврдил во Региум (Реџо Калабрија), во близина на Месинскиот Проток. ![]() Според Плутарх, Спартак се договорил со килиски пирати да го пренесат со околу 2.000 свои луѓе на Сицилија, каде што сакал да поттикне бунт на робовите и така да добие засилување. Меѓутоа, бил изневерен од пиратите, кои му наплатиле, а потоа си заминале.[20] Силите на Спартак потоа се повлекле кон Региум. Таму пристигнале легиите на Крас и изградиле утврдувања. Бунтовниците биле под опсада и отсечени од своите резерви.[21] Тогаш, легиите на Помпеј се вратиле од Хиспанија и добиле наредба од Сенатот да се упатат кон југ за да му помогнат на Крас.[22] Крас се плашел дека учеството на Помпеј ќе му ја одземе заслугата за поразот на Спартак. Откако дознал за Помпеј, Спартак се обидел да склучи примирје со Крас.[23] Откако Крас одбил, Спартак и неговата војска ги пробиле римските утврдувања и се упатиле кон Брундузиум, а легиите на Крас ги гонеле.[24] Кога легиите заробиле дел од бунтовниците одвоени од главната војска,[25] настапила недисциплина меѓу силите на Спартак.[26] Спартак со сета своја војска ги нападнал легиите и бунтовниците биле целосно разбиени, а многумина од нив биле убиени на бојното поле.[27] Плутарх, Апијан и Флор тврдат дека Спартак умрел за време на битката, но Апијан исто така известува дека неговото тело не било пронајдено.[28] Шест илјади преживеани бунтовници кои биле заробени од легиите на Крас, биле распнати на крст, долж Вија Апија од Рим до Капуа.[29] Оставина и признаниеТусен Лувертур, водач на бунтот на робовите во кој се избориле за независност на Хаити, бил наречен „Црниот Спартак“.[30][31] Адам Вајшаупт, основач на баварските илуминати, честопати во писмените преписки себеси се нарекувал Спартак.[32] Во комунизмотСпартак бил икона за комунистите и социјалистите. Карл Маркс го навел Спартак како еден од неговите херои и го опишал како „најпрекрасниот другар во целокупната античка историја“ и „голем генерал, благороден карактер, вистински претставник на античкиот пролетаријат “.[33] Спартак бил инспирација за левичарските револуционери, особено германската Спартакова лига (1915–1818), претходник на Комунистичката партија на Германија.[34] Востанието на германските комунисти од јануари 1919 година било наречено Спартацистичко востание.[31] Во спортотНеколку спортски клубови ширум светот, особено во поранешниот советски и комунистички блок го носат името на римскиот гладијатор. Во Русија
Во Украина
Во Бугарија
Во Србија
Во Словачка
Во други земји
Во популарната култура![]() Филм
Музика
ПоврзаноНаводи
БиблиографијаКласични автори
Современа историографија
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia