Спастична хемиплегија
Спастична хемиплегија — невромускуларна спастична состојба кај која мускулите на едната страна на телото се во постојана контракција. Таа е „едностраната“ верзија на спастична диплегија. Таа спаѓа во групата оштетување на подвижноста на церебрална парализа. Околу 20-30% од луѓето со церебрална парализа имаат спастична хемиплегија.[1] Поради повреда на мозокот или нервите, мозокот постојано испраќа акциони потенцијали во невромускулните јункции на другата страна од телото. Слично како и за мозочен удар, оштетување на левата страна на мозокот влијае на десната страна на телото и обратно, оштетување на десната страна на мозокот влијае на левата страна на телото. Зафатената страна на телото е ригидна, слаба и има слаби функционални способности.[2] Во повеќето случаи, рацете се многу повеќе погодени од нозете. Ова може да се должи на користење на рацете почесто за време на раниот развој. Ако двете раце се погодени, состојбата се нарекува двојна хемиплегија. Некои пациенти со спастична хемиплегија страдаат само од помали оштетувања, додека во тешки случаи едната страна на телото може да биде целосно парализирана. Сериозноста на спастичната хемиплегија е во зависност од степенот оштетување на мозокот и нервите. ПричинителиПостојат многу различни мозочни дисфункции што може да се сметаат за причина за спастична хемиплегија. Спастичната хемиплегија се случува или за време на раѓањето или во матката. Причината може да бидат сите видови на мозочни удари, повреди на главата, наследни болести, мозочни повреди и инфекции.[3] Малформации на вените или артериите во било кој дел од телото може да доведат до спастична хемиплегија. Средната церебрална артерија е најчесто погодена артерија. Неродено и новородените бебиња се подложни на мозочни удари. Леукодистрофиите се група од наследни болести кои можат да предизвикаат спастична хемиплегија. Мозочни инфекции како менингитис, мултипла склероза, енцефалитис може да предизвикаат спластична хемиплегија.[4] Спазмите се случуваат кога аферентните патишта во мозокот се компромитирани и комуникацијата помеѓу мозокот и моторните влакна е изгубена. Кога инхибиторните сигнали кои служат за деактивирање на рефлексот се изгубени, мускулите останува во постојана контракција. Со спастична хемиплегија, еден рака и еден нога се зафатени, па за тоа и цервикалните, лумбалните и сакралните сегменти на ’рбетниот столб може да бидат зафатени. ДијагнозаДоенчиња со спастична хемиплегија може да претпочитаат една рака порано отколку што е нормално.[5] ТерапијаНема познат лек за церебрална парализа, но постои голем спектар на третмани кои се покажа ефективни во подобрувањето на квалитетот на животот и ослободување од некои од симптомите поврзани со церебрална парализа, особено со спастичната хемиплегична церебрална парализа. Некои од третманите се во насока на подобрување на подвижноста, зајакнување на мускулите и подобрување на координацијата. Иако церебралната парализа е поради трајно оштетување и не е прогресивна, без третман, симптомите можат да се влошат, при што доаѓа до зголемување на интензитетот на болката и тежина на болеста, како и создавање на компликации кои не биле првично присутни. Некои од третманите кои се превентивни мерки за да помогне да се спречат понатамошни компликации, како што е целосна парализа на раката поради некористење и последователно влошување хипертонија и контрактура на зголобовите. Други форми на терапија се корективни. Многу третмани целат кон симптоми кои се индиректно поврзани или се предизвикани од спастичната хемиплегична церебрална парализа. Многу од овие третмани се исти и за другите форми на церебрална парализа.[6] Терапијата е индивидуализирана врз основа на секој поединечен случај и специфичните потреби на пациентот. Терапијата е често во комбинација со други форми на терапија и се создава долгорочен план за третман и континуирано се оценува. Терапијата може да го вклучува следново:
КомпликацииСпазмите на мускулите може да предизвикаат нарушување во одењето. Констрантните спазми може да доведат до нарушување на мускулите и тетивите, што дополнително ја нарушува подвижноста на пациентот. Пациентите се со зголемен ризик остеопороза[8] и епилептични напади.[9] Оромоторната дисфункција им го зголемува ризикот од аспирациона пневмонија. Голем дел од пациентите имаат намалена сензација на рацете и нозете, на зафатената страна. ЕпидемиологијаИнциденцата на церебрална парализа е 2.1 на 1000 родени.[10] 20–30% од нив им припаѓаат на спастичната хемиплегија. Преваленцата на церебрална парализа е повисока во места со низок социоекономски статус. Причина за ова може да биде зголемување на инциденцата на церебрална парализа при намалување на тежината при раѓање.[11] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia