Спастична церебрална парализа
Спастична церебрална парализа — тип на церебрална парализа каде спазмите се главно оштетување ко е присутно. Самиот термин ги опфаќа спастична хемиплегија, спастична диплегија, спастична квадриплегија и спастична моноплегија, каде што е зафатен само еден екстремитет или на еден одреден дел од телото. Спастичната церебрална парализа го зафаќа церебралниот кортекс[1] и е најчестиот тип на церебрална парализа. Здружението за церебрална парализа во Европа (SCPE) проценува дека спастичниот тип на церебрална парализа се јавува дури 90% од сите случаи, додека според конзервативни научни проценки преваленцата на спастично-доминантна или само-спастична церебрална парализа е од 70-80% од сите случаи, а 20-30% му припаѓаат на атаксична церебрална парализа, дискинетична церебрална парализа и атетоидна церебрална парализа.[се бара извор] Презентација![]() Луѓето со спастичен тип на церебрална парализа се хипертонични, односно кај нив се присутни симптоми на вкочанети и затегнати мускулни групи, многу повеќе отколку кај обичен човек и имаат невромускулните оштетување на подвижноста (наместо хипотонија или парализа) кое произлегува од лезија на горниот моторен неврон во мозокот. На кортикоспиналниот тракт или на моторниот кортекс може да бидат секундарно погодени. Спастичните мускули континуирано се контрактираат, или се „затегнати“, бидејќи соодветните нерви трајно пуштаат сигнали, повеќе од колку што треба за затегнување. Ова е предизвикано од нивната неможност соодветно да ги апсорбира ГАБА, или гама амино бутерна киселина. Затегнувањто, во прилог на ограничување на движење, исто така делува како огромна спротивната сила на соседните мускулите и зглобовите, при што доаѓа до деформирање на целиот скелет, во споредба со нормалениот скелет, коски и зглобови кај луѓе без спастицитет. Абнормално држење на телото е обично поврзани со мускулите кои се спротивставуваат на гравитациската сила, односно екстензорите во ногата и флексорите во рака. Поради деформитетите на зглобовите, со текот на времето, може да настанат и зглобни контрактури, или „фиксна контрактури“.[2] Заедно со промените во спастицитетот и држења на телото, можат да се случат и други активности во мозокот, како што се возбуда, страв или анксиозност, па дури и болка, која што ја зголемува напнатоста во мускулите. Кај лицата со спастична церебрална парализа, покрај зголемениот тонус на мускулите, често се прикажуваат и перзистентни примитивни рефлекси, зголемени миотатични рефлекси, плантарен рефлекс, и клонус на глуждот.[3] Една третина од лицата со церебрална парализа имаат епилептични напади, кои се најчести во спастичната церебрална парализа.[4] Дијагноза![]() ВидовиНаучни класификацииВо некои случаи, спастична церебрална парализа е предизвикана од генетски фактори.[5] На генетските фактори за спастична церебрална парализа се вклучуваат:
Иако спастичната церебрална парализа има свои корени во мозочна повреда, во голема мера може да се помисли како на збир на ортопедски и невромускулните проблеми, поради симптомите кои се јавуваат во текот на животниот век на лицето. Кај Спастична хемиплегија е зафатена една страна. Повредата на нервите од левата страна би предизвикале десни попречувања на телото, и обратно.
Кај Спастична диплегија зафатени се долните екстремитети, а горниот дел од телото е најчесто без спасицитет. Најмногу од случаите (дури 70–80%), се целосно имобилирани. Кај спастична моноплегија зафатен е еден екстремитет. Кај спастична триплегија зафатени се три екстремитети. Кај спастична квадриплегија зафатени се четирите екстремитети, целосно или не целосно. Луѓето со спастична квадриплегија се најчесто целосно имобилирани.Третман![]() Физикална терапија и окупациона терапија, преку методите за истегнување, зајакнување, функционални задачи, и/или целна физичка активност и вежбање се обично главни начини да биде добро-управувана спастичната церебрална парализа. Доколку спастицитетот е премногу голем за личноста да се справи, може да се користат други лекови како што се различни антиспазмотични лекови, ботулинум токсинот, баклофен, како и неврохируршки операции, односно селективен грбната ризотомија (која го елиминира спастицитетот со елиминирање на нерви предизвикување). Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia