Спиечка апнеа

Спиечка апнеа
Опструктивна спиечка апнеа
СпецијалностОториноларингологија

Спиечка апнеа — нарушување на спиењето, при кое се јавуваат паузи во дишењето или периоди на плитко дишење за време на спиењето. Секоја пауза може да трае од неколку секунди до некулку минути и тие се случуваат многупати во текот на ноќта. Бидејќи се нарушува нормалниот сон, лицата може да чувствуваат поспаност и замор во текот на денот.

Спиечката апнеа може да биде опструктивна, централна, или комбинација од двете. Најчеста форма е опструктивната. Ризик-факторите за опструктивна спиечка апнеа вклучуваат прекумерна тежина, семејна историја, алергии. Некои луѓе со спиечка апнеа не се свесни дека ја имаат оваа состојба. Во голем број од случаите најпрво е забележана од член на семејството.

Третман

Третманот на опструктивна спиечка апнеа се разликува од оној кај централна спиечка апнеа. Третманот вообичаено започнува со бихевиорална терапија. Се препорачува избегнување на алкохол и седативи, кои може да доведат до релаксација на мускулатурата на грлото, и да доведат до колапс на дишните патишта за време на спиењето.

Надворешни врски

Класификација
П · Р · П
Надворешни извори



Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya