Паркинсонова болест
Паркинсоновата болест е невродегенеративна болест која ги напаѓа моторните функции на заболениот, говорот и други функции. Оваа болест е позната и како ПД (Parkinson’s disease). Болеста се јавува како резултат на дегенерација на допаминергичните неврони во базалните ганглии, поточно во substantia nigra и locus coeruleus. Главните моторни симптоми со заедничко име се нарекуваат „паркинсонизам“ или „паркинсонов синдром“.[4][9] Симптомите генерално прогредираат со текот на времето.[1] Во раниот стадиум на болеста, највоочливи се тресење, ригидност, бавно движење и отежнат од.[1] Исто така можат да се појават и мисловни и проблеми во однесувањето.[2] Деменцијата е честа во напредните стадиуми на болеста.[2] Депресија и анксизност се појавуваат кај повеќе од третина од пациентите со ПБ.[2] Други симптоми вклучуваат сетилни, емоционални и проблеми со спиењето.[1][2] Не постои лек за Паркинсонова болест, а третманот е воглавно насочен кон подобрување на симптомите.[1] Во 2015, ПБ имале 6.2 милиони луѓе што резултирало со 117,400 смртни случаи на глобално ниво.[7][8] Паркинсоновата болест типично се појавува кај луѓе над 60 години, кај кои околу еден процент ја имаат болеста.[1][3] Почесто се појавува кај мажи отколку кај жени во сооднос од околу 3:2.[4] Именувана е според англискиот аптекар Џејмс Паркинсон, кој направил детален опис на болеста во еден негов есеј во 1817 г. СимптомиПримарни симптоми:
Секундарни симптоми:`
ЕтиологијаОд оваа болест боледуваат познатите личности: боксерот Мохамед Али и глумецот Мајкл Џ. Фокс кој годишно инвестира милиони долари за истражување на болеста и откривање на лек. Од неа боледувал и покојниот папа Јован Павле II. Причинителите на Паркинсоновата болест не се точно познати, но има некои помали причини за кои се појавува оваа болест, на пример, генетски пореметувања, токсини, трауми на главата, церебрална аноксија, и болест предизвикана од лекарства.
Најчест фактор за ПД е мутиран гликоцереброидален ген. Носачите на овие мутации имаат ризик од развивање на ПД. Има и докази дека генски дефект придонесува за појавување на ПД и на Алцхајмеровата болест.
ДијагнозаДијагнозата се заснова на медицинската историја и невролошкото испитување кое се спроведува со прашување и набљудување на пациентот во живо користејќи ја унифицираната скала за Паркинсоновата болест. Се дијагностицира со помош на јадрена медицинска томографија која користи гама-зраци. Болеста е тешка да се дијагностицира точно, посебно во раните фази. Заради поклопувањето на симптомите со други болести, само 75% од дијагнозите се потврдуваат дека е идиопатска ПД на аутопсија. Раните знаци и симптоми можат да се сметаат како резултат на нормалното стареење. Можно е лекарот подолго време да го набљудува пациентот, сè додека не стане очигледно дека симптомите се постојано присутни. Обично лекарите гледаат за мрдање на нозете или намалено мавтање на рацете. Понекогаш е потребно мозочно скенирање или тестови во лабораторија за да ги исклучат другите болести. Сепак, скенирања со КТ и МНТ на луѓе со ПД обично излегуваат нормални. Терапија![]() Соодветната терапија овозможува ублажување на симптомите и нивно 3-5 годишно одложување, но самата болест е неизлечлива. Медикаментозна терапијаСе заснова на дополнување на редуцираниот допамин. Како лек од прв избор, во раните стадиуми на болеста, сè повеќе се користат МАО-Б инхибиторите, тие ја инхибираат разградбата на допаминот до хомованилинска киселина и со тоа ги подобруваат симптомите. Амантадин е исто така корисен во раниот стадиум, тој го зголемува ослободувањето на допамин во мозокот. Доколку дејството на овие лекови е недоволно, кај млади пациенти се отпочнува со не-ерголински допамин-агонисти(пр. Ropinirol, Pramipexol), коишто само во раните стадиуми на болеста се еднакво ефективни како и L-Dopa. Кај постари пациенти се започнува веднаш со L-Dopa, во комбинација со Decarboxylasa-инхибитор, којшто ја инхибира раната разградба на L-Dopa во организмот. Понекогаш во комбинацијата се додава и COMT-инхибитор (пр.Entacaponum, Tolcaponum),којшто дополнително ја зголемува биорасположливоста на Допаминот. Хируршка терапијаСе состои од имплантација на стимулатори во одредени јадра на таламус или Globus Pallidum. Особено длабоката мозочна стимулација во Nucleus Subthalamicus или Globus Pallidus, дава задоволителни резултати како хируршка метода. Физикална терапијаПокрај медикаментозната терапија, физикалната терапија е задолжителна кај овие пациенти. Со неа се постигнува подобрување на движењата и координацијата. Препорачлива е и логопедска терапија. Дополнителна терапијаПсихичко згрижување и едукација како на пациентот така и на неговите најблиски, се покажало како целисходно. Наводи
Литература
|
Portal di Ensiklopedia Dunia