Спилието
Спилието[1] (Берик, Беричка Клисура[2] или Сливенска Клисура; грчки: Φαράγγι της Κορομηλιάς) — живописна клисура на Желевска Река во Костурско, Егејска Македонија.[3] ОписКлисурата почнува од месноста Берик (800 м.н.в.), каде се наоѓало истоименото село Берик и каде и денес стои Беричкиот мост (наречен и Д’мбенски). Се протега во јужен правец и излегува кај селото Сливени на 750 м надморска височина. Има вкупна должина од 18,3 км. Подрачјето зафаќа површина од 707 ха и е заштитено од државата поради „особената природна убавина“. По Варовничките карпести падини на клисурата има мали пештери, од каде потекнува името Спилието (од грч. σπήλαιο, „пештера“). По карпите и по бреговите на реката растат грмушки и различни широколисни дрвја.[3] Во една од пештерите кај излезот од клисурата се наоѓа Сливенската кула.[4] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia