Список на македонски зборови од турско потекло Ова е список на македонски зборови од турско потекло . Во македонскиот јазик има поголем број зборови кои се прифатени од турскиот јазик, но нивното потекло не е само турско, туку може да е и од арапско или персиско потекло . Бидејќи во македонскиот јазик се навлезени од турскиот јазик, таквите зборови се сметаат за турцизми . Најголем број од овие зборови се архаични и не се во активна употреба. Списокот ги наведува македонските и турските зборови, како и нивното значење. Изведените зборови се даваат веднаш под зборот од кој се изведени.
Овој список е нецелосен. Можете да помогнете со тоа што ќе го дополните .
А
македонски
турски
значење
аба
aba
1. груба волнена ткаенина[ 1] 2. горна облека изрботена од аба
абдал
aptal
човек со ограничени умствени способности[ 2]
абер
haber
информација од некого или за нешто[ 3] поим, сознание, претстава
аберџија
haberci
лице што носи некаква порака[ 4]
абраш
abraş
рус човек со бенки на лицето[ 5] коњ со бело под опашката или на муцката
аберашест
abraşlı
изведена придавка од абраш[ 6]
Ѕ
Нема турцизми на буквата ѕ.[ 7]
Ј
македонски
турски
значење
јанлаш, јалнаш
yanlış
1. погрешно, неточно [ 8]
Ѓ
македонски
турски
значење
ѓурултија
gürültü
1. врева, галама
Ѓезве
cezve
Сад за топлење/ вриење на вода, обично за кафе.
Љ
Нема турцизми на буквата љ.[ 9]
М
македонски
турски
значење
мердевини
merdiven
1. скали
Н
македонски
турски
значење
ниет
niyet
1. намера, решеност[ 10]
Њ
њум.[ 11]
С
македонски
турски
значење
сомун
somun
1. цел леб, обично купечки и со тркалеста форма[ 12]
2. завртка, шраф
сокак
sokak
1. улица
Х
македонски
турски
значење
харем
harem
1. Женските одделенија на муслиманска куќа[ 13] 2. сите жени и наложници на еден маж - во земји каде што е дозволено многуженството
харемлак
haremlik
дел од муслиманска куќа определен за жени[ 14]
харемски
harem
изведена придавка од харем[ 15]
харзувал
arzuhâl
писмена молба, претставка, поднесок[ 16]
хатишериф
şerif
султанов указ од 1839 г. со кој им се дадени права на христијаните во Османлиското Царство[ 17]
хаџи
haci
се става пред имиња и означува дека личноста била на поклонение (христијански аџилак), било на Света Гора, било во Ерусалим[ 18]
хисар
hisar
тврдина, замок, утврден град[ 19]
Џ
македонски
турски
значење
џамадан
camadan
вид елек, извезен со сребро и свила[ 20]
џамбаз
cambaz
трговец со коњи[ 20]
џамија
cami
муслимански храм[ 21]
џамфес
canfes
врста на свилена ткаенина[ 20]
џан
can
душа, живот[ 20]
џанам
canım
душо моја, душице, животе мој[ 20]
џангарак
çangırtı
ѕвонец, ѕвонче, прапорец[ 20]
џеваир
cevahir
бесценет камен; нешто од сребро, злато и бесценети камења; скапоцен камен[ 20]
џевап
cevap
одвет, одговор[ 20]
џеза
ceza
глоба, парична казна[ 20]
џелеп џелепски
celep
трговец кој купува, гои и препродава добиток на јадро[ 20] придавка изведена од џелап
џенабет
cenabet
несреќен, колнат, проклет човек[ 20]
џенем
cehennem
пекол[ 20]
џенк
cenk
бој, битка[ 20]
џепане
cephane
муниција[ 20]
џереме
cereme
глоба, џеза[ 20]
џубе
cübbe
долга машка облека без ракави[ 20]
Ш
македонски
турски
значење
шадрван
şadırvan
водоскок, фонтана[ 22]
шаин
şahin
сокол, особено дресиран за лов на други птици[ 22]
шаит
şahit
сведок, очевидец.[ 22]
шајак шајачен
şayak
вид сукно[ 23] придавка изведена од шајак
şaka
шега[ 24]
шакаџија
şakaci
шегаџија[ 25]
шалвари шалваришта шалварчиња
şalvar
широки, долги ориентални панталони[ 26] аугментатив од шалвари деминутив од шалвари
шалган
şalgam
растение чии корени се јадат[ 27]
шам
şam
шам - Дамаск, Сирија во составите што почнуваат со шам[ 22]
шамата шамати шаматење
şamata
врева[ 28] вреви вревење
шамар
şamar
шлаканица[ 29]
шамија
şami
женска марама за на глава; поголема марама.[ 30]
шан
şan
добар глас, углед[ 31]
шандан
şamdan
свешник, свеќник[ 32]
шантан шантански
şantöz
кафе со пеjачки[ 22] изведена придавка од шантан
шап
şap
заразна болест кај преживниот добиток[ 33]
шапка
şapka
капа, шешир, црна шапка[ 34]
шарабија
şarabi
кој има боја на вино[ 35]
шарлаган
şırlağan
растително масло - од сусам, афионско семе и сл.[ 22]
шарлаганџија шарлаганџилница
şırlağanci
оној кој се занимава со производство или продажба на шарлаган[ 22] објектот каде се произведува или продава
шат-пат
çatpat
понекогаш, ретко, одвреме-навреме[ 36]
шашарма шашма шаштиса шаштисува шаштисување
şaşmak
збрка, збуна[ 37] [ 38] [ 39]
шашардисува шашардиса шашардисување
şaşırmak
се збунува, се изненадува[ 40]
шашкан
şaşkın
шут, чукнат, налудничав човек[ 41]
шаливост шашлив шашливо
şaşkın
кривогледост, кривоглед, кривогледо[ 42]
шебек
şebek
вид мајмун (макаки)[ 22]
шеј
şey
ствар, предмет[ 22]
шејтан шејтански
şeytan
1. ѓавол, сотона, враг[ 22] 2. немирен, несташен, ѓаволест[ 22]
шен шенлив
şen
весел[ 22]
шербет
şerbet
1. ориентална напивка[ 43] 2. густо растопен шеќер за попарување на некои благи работи: баклава, раванија и сл.
шербетлија
şerbetli
слатки со шербет, силно засладено[ 44]
шерет шеретски
şer
итрец, несташен, препреденко[ 45] изведена придавка од шерет
шеретлак шеретува шеретување
şer
итрина, препреденост[ 46] тера шерет[ 47] терање шерет
шерет
şer
итрец, несташен, препреденко[ 45]
шеријат шеријатски
şeriat
збир од религиозни и други правила кај муслиманите, засновани на коранот; свештен закон.[ 48] изведена придавка од шеријат
шеќер шеќерен шеќерана шеќерка шеќеров шеќерче шеќерлисува шеќерлисување шеќерлисува
şeker
засладувач во вид на ситни кристали или друга форма[ 49] изведена придавка од шеќер[ 50] фабрика за производство на шеќер[ 51] вид слатко јаболко[ 52] придавка изведена од шеќер[ 53] бонбона, шеќерлеме[ 54] кристилизира во шеќер[ 55] кристализирање во шеќер кристилизира во шеќер[ 56]
шеќерлеме
şekerleme
вид слатко, посластица од шеќер[ 22]
шеќерлија
şekerli
што е со шеќер, сладок[ 22]
шеќерџија шеќерџиски шеќерџилница
şekerci
оној што прави и продава бонбони и разни други слатки работи[ 57] изведена придавка од шеќерџија дуќан на шеќерџија[ 58]
шефтелија
şeftali
вид праска - растение и плод[ 59]
шеш-беш
şeşbeş
игра со коцки, коцкање[ 60]
шешери шешерење шешери
şişirme
се шири, се кокори, се дуе[ 61] дуење, ширење, кокорење се шири, се кокори, се дуе
шилте
şilte
мало волнено перниче што се става на миндер, на душек[ 22]
шиник
şinik
1. дрвен цилиндричен сад што служи како мера за жито[ 22] 2. мера за жито, како определена количина[ 22]
шира
şira
благо вино, неферментиран сок од изгмечено грозје[ 62]
ширден
şirden
1. четвртиот дел од желудникот на преживно животно[ 63] 2. полнети ширдени (вид јадење од јагнешки ширден и желудник)
шиш
şiş
железен ражен за скара.[ 64]
шише
şişe
1. стаклен сад[ 65] 2. количина на течност 3. стакло кое го штити пламенот кај газиената ламба
шишенце
şişe
деминутуив од шише[ 66]
шишкав
şiş
дебел, полничок[ 67]
шуќур
şükür
како и зраз на благодарност, за изразување на благодарност[ 22]
Наводи
↑ Речник на македонскиот јазик : аба на makedonski.gov.mk
↑ Речник на македонскиот јазик : абдал на makedonski.gov.mk
↑ Речник на македонскиот јазик : абер на makedonski.gov.mk
↑ Речник на македонскиот јазик : аберџија на makedonski.gov.mk
↑ Речник на македонскиот јазик : абраш на makedonski.gov.mk
↑ Речник на македонскиот јазик : абрашест на makedonski.gov.mk
↑ Преглед на зборови што започнуваат на ѕ , Речник на македонскиот јазик.
↑ Речник на македонскиот јазик : јалнаш на makedonski.gov.mk
↑ Преглед на зборови што започнуваат на љ , Речник на македонскиот јазик.
↑ Речник на македонскиот јазик : ниет на makedonski.gov.mk
↑ Преглед на зборови што започнуваат на њ , Речник на македонскиот јазик.
↑ Речник на македонскиот јазик : сомун на makedonski.gov.mk
↑ Речник на македонскиот јазик : харем на makedonski.gov.mk
↑ Речник на македонскиот јазик : харемлак на makedonski.gov.mk
↑ Речник на македонскиот јазик : харемски на makedonski.gov.mk
↑ Речник на македонскиот јазик : харзувал на makedonski.gov.mk
↑ Речник на македонскиот јазик : хатишериф на makedonski.gov.mk
↑ Речник на македонскиот јазик : хаџи на makedonski.gov.mk
↑ Речник на македонскиот јазик : хисар на makedonski.gov.mk
↑ 20,00 20,01 20,02 20,03 20,04 20,05 20,06 20,07 20,08 20,09 20,10 20,11 20,12 20,13 20,14 20,15 „Речник на македонскиот јазик: Архаични зборови: Џ“ . Посетено на 2012-05-08 .
↑ Речник на македонскиот јазик: Џ
↑ 22,00 22,01 22,02 22,03 22,04 22,05 22,06 22,07 22,08 22,09 22,10 22,11 22,12 22,13 22,14 22,15 22,16 22,17 „Речник на македонскиот јазик: Архаични зборови: Ш“ . Посетено на 2012-05-08 .
↑ Речник на македонскиот јазик: шајак
↑ Речник на македонскиот јазик: шака
↑ Речник на македонскиот јазик: шакаџија
↑ Речник на македонскиот јазик: шалвари
↑ Речник на македонскиот јазик: шалган
↑ Речник на македонскиот јазик: шамата
↑ Речник на македонскиот јазик: шамар
↑ Речник на македонскиот јазик: шамија
↑ Речник на македонскиот јазик: шан
↑ „шандан“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
↑ „шап“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
↑ Речник на македонскиот јазик: шапка
↑ Речник на македонскиот јазик: шарабија
↑ Речник на македонскиот јазик: шат-пат
↑ Речник на македонскиот јазик: шашарма
↑ Речник на македонски јазик: шашма
↑ Речник на македонскиот јазик: шаштиса
↑ Речник на македонскиот јазик: шашардиса
↑ Речник на македонскиот јазик: шашкан
↑ Речник на македонскиот јазик: шашлив
↑ Речник на македонскиот јазик: шербет
↑ Речник на македонскиот јазик: шербетлија
↑ 45,0 45,1 Речник на македонскиот јазик: шерет
↑ Речник на македонскиот јазик: шеретлак
↑ Речник на македонскиот јазик: шеретува
↑ Речник на македонскиот јазик: шеријат
↑ Речник на македонскиот јазик: шеќер
↑ Речник на македонскиот јазик: шеќерен
↑ Речник на македонскиот јазик: шеќерана
↑ Речник на македонскиот јазик: шеќерка
↑ Речник на македонскиот јазик: шеќеров
↑ Речник на македонскиот јазик: шеќерче
↑ Речник на македонскиот јазик: шеќерлисува
↑ Речник на македонскиот јазик: шеќерлиса
↑ Речник на македонскиот јазик: шеќерџија
↑ Речник на македонскиот јазик: шеќерџилница
↑ Речник на македонскиот јазик: шефтелија
↑ Речник на македонскиот јазик: шеш-беш
↑ Речник на македонскиот јазик: шешери
↑ Речник на македонскиот јазик: шира
↑ Речник на македонскиот јазик: ширден
↑ Речник на македонскиот јазик: шиш
↑ Речник на македонскиот јазик: шише
↑ Речник на македонскиот јазик: шишенце
↑ Речник на македонскиот јазик: шишкав
Поврзано
Надворешни врски