Список на национални паркови во АзербејџанНационални паркови во Азербејџан — заштитени подрачја во надлежност на Министерството за екологија и природни ресурси. Првиот национален парк во земјата е Зангезур, основан во 2003 г. Оттогаш се создадени уште 8 паркови. Националните паркови се определени како јавни земјишта или водни површини од особено еколошко, историско и др. значење, кои уживаат заштита од државната управа. Имаат улога да ја запазат природата во сета своја разновидност, но и да служат за образовни цели, научни и културни истражувања. СписокКако земја на Кавказот, сместена меѓу Црното и Каспиското Море, Азербејџан изобилува со разновиден растителен и животински свет, со најголема биоразновидност во Европа и огромни природни ресурси. Особена улога во зачувувањето на оваа разновидност имаат националните паркови. Следи список на националните паркови по годината на основање и со податок за нивната површина.
Вкупната површина на сите национални паркови изнесува 310.136,5 ха или 3,58% од државната територија.ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia