Споменик на загинатите во Шумскиот пожар над Струмица од 2012 година
![]() Споменикот на загинатите во Шумскиот пожар над Струмица од 2012 година е споменик кој се наоѓа на главниот булевар „Маршал Тито“ во строгиот центар на Струмица, Македонија. Тој е посветен на четворица струмичани кои загинале во Шумскиот пожар над Струмица кој се случил во месец јули 2012 година. ЗаднинаНа 23 јули 2012 година избувнал шумски пожар на планината Еленица која се наоѓа над градот Струмица[1]. Во борба со пожарот истиот ден со тешки изгореници се здобиле 18 лица, меѓу кои Блажо Стојков, Пено Стојанов, Мите Ѓоргиев и Војо Гркљанов кои подлегнале на повредите[2]. Локалната власт уште на почетокот се ангажирала за памет на загинатите, при што во среда, 25 јули 2012 година во Општина Струмица бил прогласен ден на жалоста[3]. По неполн месец од кобниот ден за четирите жртви на пожарот, во Струмица пристигнал Григориј Потоцки, светски номиниран вајар и сликар од Русија и автор на споменикот Македонија[4]. Тој се сретнал со тогашниот градоначалник Зоран Заев каде што по претходно барање на градоначалникот ја претставил финалната идеја за изглед на споменик за загинатите во пожарот[5]. СимболикаСпоменикот се заснова на христијанската и народната традиција. Главното својство на споменикот се четири птици кои ги симболизираат душите на четворицата загинати во пожарот. Според Потоцки темелите на споменикот се јазиците на огнот како рака која вреска и од пламенот нагоре полетуваат четирите птици. Нозете на птиците стануваат сè потенки, се издолжуваат и птиците полетуваат во небото како четири крста[6]. ПоврзаноНаводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia