Споменик Македонија (Струмица)
Споменикот Македонија — споменик кој се наоѓа во Градскиот парк во Струмица. Споменикот бил изграден во чест на загинатиот Претседател на Република Македонија, Борис Трајковски, кој по потекло е од Струмица. Автор на скулптурата „Македонија“ е рускиот вајар Григориј Потоцки. Истата била изработена во рамките на „Меѓународната струмичка ликовна колонија - 2005“.[1] Споменикот се состои од ликот на Борис Трајковски и жена која држи крст со венец. Ова уметничко дело според авторот Поточкииј ја симболизира љубовта на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски кон својата татковина и христијанството. Споменикот бил откриен од страна на Претседателот на Собранието на Република Македонија, Љупчо Јордановски и Градоначалникот на Општина Струмица Зоран Заев, на 11 декември 2005 година по повод Денот на заштитниците на Струмица Св. Петнаесет Тивериополски свештеномаченици. На мермерната плоча на споменикот е испишана познатата изрека на претседателот Б.Трајковски:
ГалеријаНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia