Споменик „Ослободители на Скопје“
Споменик „Ослободители на Скопје“ — споменик посветен на ослободителите на Скопје, кој се наоѓа пред зградата на Владата на Македонија. Споменикот бил изграден во 1955 година. Автор на споменикот е вајарот Иван Мирковиќ. ЗаднинаУште во текот на борбите за Штип и Велес, Главниот штаб на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија осмислил план за концентричен напад на Скопје. За ослободување на Скопје биле предвидени 42. дивизија, 50. дивизија и 16. бригада на Кумановската дивизија. Во градот во тоа време биле сместени 22. германска дивизија и 47. полк на северната и источната страна и делови на 65. полк на јужната страна на градот. Нападот на надворешната одбрана на Скопје започнал на 11 ноември кога бил скршен германскиот отпор кај Катланово и селото Лисиче. На 12 ноември, баталјоните 3. и 12. бригада влегле во градот, а во ноќта 12/13 ноември (до пладне), заедно со ударните групи од градот, во уличните борби ја совладале германската одбрана и извршиле ликвидација на последните упоришта во Офицерскиот дом, Народната банка и Железничката саница. Во понатамошните борби до 16 часот бил ослободен целиот град; останала само мала група на 40 Германци кои биле убиени во ноќта 13/14 ноември во зградата на Учителската школа.[1] Опис на споменикотСпоменичната композиција се состои од 7 бронзени скулптури во борбени пози против непријателот:
Скулптурите се изработени во натприродна големина и се поставени на ниско постолје. Галерија
НаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia