Србофилија
![]() Србофилија — поим кој во најопшта смисла означува симпатии, наклоност, почит, поддршка кон српската култура, српскиот народ и Србија. Србофилијата е најприсутна кај народите кои се најблиски и сродни со Србите. Србофилијата може да е последица на различни причини: од едноставна фасцинација и восхит од српската култура и народ, сѐ до наследниот фактор (кај припадниците од етнички мешани бракови кај кои еден од родителите е од српска националност). Србофилијата е особено присутна меѓу Црногорците и Македонците, но пред сѐ како последица на етнолошко-култоролошка блискост. Кај Македонците особен придонес за ова дал и процесот на присилна србизација спроведуван од српската власт во Македонија во периодот од Балканските војни, па сѐ до крајот на Втората светска војна, како и блиските контакти и заедничкиот живот на овие два народи во поранешна Југославија. Наспроти србофилијата (како условна средина) стојат други два екстремистички поими: србофобијата (одбивност кон српското) и србоманијата (отфрлање на сопствениот етнички идентитет за сметка на српскиот). Поврзано
|
Portal di Ensiklopedia Dunia