Сребрените снегови (роман)
„Сребрените снегови“ — роман за деца и младинци од македонскиот писател Живко Чинго од 1966 година. Издание на „Детска радост“ од 2004 годинаКнигата, објавена од Редакцијата „Детска радост“ при издавачката куќа „Просветно дело“ АД Скопје, како дел од библиотеката „Лектирни изданија“, има обем од 180 страници. Таа е испечатена во печатницата „Коста Абраш“ од Охрид, во формат од 20 сантиметри, со мек повез. Книгата е каталогизирана во Народната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ од Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 9989-30-456-6. Дизајнот и графичкото уредување се дело на Жарко Туниќ, а лектурата и коректурата ги извршила Оливера Ќорвезироска.[1] СодржинаКнигата содржи 26 глави:[2]
На крајот од книгата е поместена белешка за делото и за авторот, со наслов „За ‘Сребрените снегови’ од Живко Чинго“, од Видое Подгорец. Во романот се опишува доаѓањето на младата учителка Генка Илиеска во едно село, во кое одамна владее омраза меѓу жителите од горното и долното маало и каде луѓето со векови си живеат на свој начин, со закоравени верувања и убедувања. Поради тоа, селаните со недоверба ја дочекуваат Генка и пред неа поставуваат најразлични пречки, но таа не знае за страв и колебање. Постепено, со својата посветеност и топлина во срцето, таа почнува да ги менува селаните и ја здобива довербата на двете маала, помагајќи им на сиромашните, болните и немоќните.[3] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia