Среден Андамански Остров
Средниот Андамански Остров е остров кој му припаѓа на Андаманскиот Архипелаг. Тој ѝ припаѓа на административната област на Северниот и Средниот Андамански Остров и е дел од Сојузните територии на Андаманските и Никобарските Острови на Индија. ГеографијаОстровот му припаѓа на ланецот на острови на Големите Андамани и е сместен 73 километри северно од Порт Блер. Тој е централен остров на Големиот Андамански Архипелаг на Индија, а има вкупна територија од 1536 км2. Одделен е од Северниот Андамански Остров со морскиот теснец Аустен, од островот Баратанг на југ е одвоен со Хомфрејскиот Теснец, а двата теснеци се плитки и широки само неколку стотина метри, додека на запад е одвоен од Интервју Островот со Интервју Преминот наречен по истоимениот остров.[6] Овој остров бил погоден од цунамито предизвикано од земјотресот во Индискиот Океан на 26 декември 2004 година, но катастрофата била значително помала во споредба со околните острови. АдминистрацијаОвој остров административно ѝ припаѓа на Мајабундер и Рангат областа. ДемографијаНаселението на островот главно го сочинуваат бенгалски, тамилски и кералитски доселеници. Домородното население го сочинуваат бројни припадници на племето Џарава. Главно занимање на населението е земјоделство и сточарство. Главен град е Рангат, со 10.000 жители, а други поголеми градови се Мајабундер (5556 жители), Бакултала (4454 жители), Бинбутала (3063 жители) и Кадамтала (3008 жители). Според пописот во Индија од 2011 година, островот е населен со 55.632 жители, од кои писмени се околу 76% од населението.
ТуризамОстровот има убави водопади и прекрасни плажи. Посетителите можат да уживаат во кампување, пешачење, нуркање и други возбудливи водени спортови.[7] Галерија
Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia