Старавински манастир

Старавински манастир
Панорама на манастирот
Информации
Целосно имеСтаравински манастир
Други имињаМанастир „Свети Атанасиј“
Манастир на:МПЦ - ОА
Посветен наСвети Илија
ЕпархијаПреспанско-пелагониска
ЦрквиЦрква „Св. Атанасиј“ (стара)
Црква „Св. Атанасиј“ (нова)
Личности
Место
Местово близина на Старавина, Општина Новаци Македонија Македонија
Координати41°05′09″N 21°43′08.5″E / 41.08583°N 21.719028°E / 41.08583; 21.719028
Видливи остатоцидве цркви, конак, параклис, крст, помошни објекти
Отворен за јавностада
Други информации(Старавинска парохија)

Старавински манастирманастир во јужниот дел на Македонија, на северозападните падини на планината Ниџе, во месноста Старавинско Тумбе во близина на селото Старавина.[1]

Историја

Манастирот бил основан со изградбата на старата манастирска црква во 1860 година.[2] Од мермерна плоча пред влезот на новата црква се забележува дека таа била изградена во 2006 година.

Градби

Во склоп на манастирот влегуваат две цркви, конак, параклис, крст и помошни објекти.

Црква „Св. Атанасиј“ (стара)

Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Внатрешноста на црквата не е зографисана, но е богата со бројни икони.

Црква „Св. Атанасиј“ (нова)

Градбата на црквата претставува крстокуполен храм со шестаголна апсида на источната страна и осумаголна купола со по една монофора на секоја страна.

Параклис „Св. Преображение“

Параклисот се наоѓа во непосредна близина на манастирот. Тој претставува летниковец со квадратна основа во којшто има свеќарници и макета на црква.

Настани

Во манастирот се слават празниците посветени на патрониот светец Свети Атанасиј Велики на 14 и 15 мај, како и Преображение Христово на 18 и 19 август.[2]

Галерија

Наводи

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 15. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 Старавина, Мариово – откријте ја приказната за Калеш Анѓа“. Оф Роуд - Македонија.

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya