Црква „Св. Атанасиј“ - Старавина (стара)
Свети Атанасиј – манастирска црква на Старавинскиот манастир.[1] ИсторијаЦрквата била изградена во 1860 година.[2] АрхитектураГрадбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Влезот на црквата се наоѓа на западната страна до којашто е доградена отворена припрата. Над влезот на црквата има ниша со застаклена фреска на Свети Атанасиј. На ѕидовите во припратата има врамени слики на коишто се прикажани: Преображението Христово, Свети Атанасиј, Богородица со Исус и Исус. Објектот е обоен во бела боја со ниско кафеаво цокле, а покриен е со кров од ќерамиди. Внатрешноста на црквата не е зографисана, но е богата со бројни икони. Ѕидовите се обоени во сина боја со сиво цокле, а во нивните горни делови се закачени петокраки ѕвезди, што ја симболизира небесната шир. Иконостасот содржи еден ред икони над ѓаконските порти и царските двери. Лево од царските двери се прикажани Архангел Михаил и Богородица со Исус, додека од десната страна се Исус и Свети Јован Крстител. Во горниот ред икони од лево кон десно се претставени: Свети Ѓорѓи, Света Недела, Свети Антониј, Свети Лука, Свети Никола, Богородица Марија, Исус Христос, Свети Јован Крстител, Свети Петар, Свети Илија, Света Петка, Свети Василиј и Свети Димитриј. Во црквата има се наоѓа и дрворез на којшто е прикажан Свети Ѓорѓи како ја убива ламјата. Галерија
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia