Стара џамија (Ростуше)
Стара џамија — џамија во долнореканското село Ростуше.[1] Џамијата се наоѓа на влезот од селото, на левата страна од патот. ИсторијаЏамијата веројатно била изградена во XVII век, но историски претрпела неколку градежни зафати, така што нејзиниот првобитен изглед е изменет. Минарето на џамијата било изградено во поново време.[2] АрхитектураГрадбата на џамијата има квадратна основа и пирамидален кров. Таа била изградена од дрво, што е најмногу забележиелно од нејзината предна страна, и камен, што се забележува на дел од страничните ѕидови и задната страна. Ѕидовите на џамијата се одликуваат со повеќе прозорци, кои на предната страна се во еден ред, додека на страничните ѕидови во два реда. Во делот од јужниот ѕид каде што завршува дрвената градба и продолжува онаа од камен се забележува разлика во големината и распоредот на прозорците. Минарето на џамијата е изградено од бигор. Дворот на џамијата е ограден со камена ограда, а во него се сместени муслиманските гробишта.
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia