Статистика Нов Зеланд
Статистика Нов Зеланд (анг. Statistics New Zealand, маор. Te Tari Tatau) е државен завод во Нов Зеланд задолжен за официјалната статистика во земјата, овластен со закон од 1975 г. Сѐ до 1994 г., заводот се водел под името Department of Statistics. Министерот за статистика на Нов Зеланд е Морис Вилијамсон. ДолжностиПокрај општата управна улога, заводот извршува голем број на статистички програми меѓу кои и петтогодишен попис. Голем дел од добиената статистика е достапна бесплатно на нивното мрежно место. Покрај ова, заводот воспоставува статистички класификации и стандарди за Нов Зеланд, и врши постојани истражувања за и развој на релевантни статистички методи. Заводот исто така пружа техничка помош на земјите во развој од Тихоокеанскиот Обрач, со особена задршка Тихоокеанските островски земји. Статистика Нов Зеланд е задолжена за водство на развојот и промовирањето на сите владини статистики кои го сочинуваат официјалниот статистички систем на Нов Зеланд. Владини статистичариГенералниот директор на Статистика Нов Зеланд се нарекува „Владин статистичар“ (Government Statistician).
Авторски праваМрежното место на Статистика Нов Зеланд изјавува дека: „Податоците добиени од Статистика Нов Зеланд можат слободно да се користат, умножуваат и наведуваат, освен ако не е назначено поинаку. Во секој случај, Статистика Нов Зеланд мора да биде наведена како извор на податоците“.[2] Надворешни врски
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia