Тихоокеански острови![]() Тихоокеански острови или пацифички острови — поим кој се однесува на островите во Тихиот Океан. Зависно од контекстот, може да ги подразбира земјите и островите во Океанија од заедничко австронезиско потекло, или пак оние подоцна населени од такви народи. ПоимувањеПоимот „тихоокеански острови“ може да има различни значења. Според едно, ова ја подразбира Океанија во геополитичка смисла.[1][2] Некаде, под поимот се мисли на островите колонизирани од Британците, Французите, Холанѓаните, Американците и Јапонците, како што се Питкерн, Тајван и Борнео.[3] Други пак, ги подразбираат островите од австронезиско потекло како Тајван, Индонезија, Микронезија, Полинезија и островите на Бурма, кои водат потекло од неолитските култури на островот Тајван.[4] Во рамките на Тихиот Океан има многу острови кои не се сметаат за дел од Океанија. Такви се архипелагот Галапагос (Еквадор), Алеутските Острови (Алјаска, САД), Ванкувер (Канада), Сахалин и Курилските Острови (Русија), Тајван и останатите острови на Република Кина. Такви се и Филипините, островите во Јужнокинеското Море, највеќето острови во Индонезија и Јапонија, која се состои од островите во Јапонскиот Архипелаг. Тихоокеански острови по површина (преку 10.000 км2)На списоков се наведени сите острови сместени во географското подрачје на Тихиот Океан и зафаќаат површина од преку 10.000 квадратни километри.
Список на островиТихоокеански острови по континентиАнтарктикАзијаСредна АмерикаСеверна Америка
Океанија
Јужна Америка
Поврзано
Наводи
Литература
|
Portal di Ensiklopedia Dunia