Стерјо Дачов
Стерјо Дачов ( 1917 во Старичани, Костурско — ?) — македонски национален деец, учесник во НОБ од Егејскиот дел на Македонија и учесник во Граѓанската војна во Грција.[1][2] ЖивотописСе вклучил во комунистичкото движење во периодот помеѓу двете светски војни. За време НОБ бил политички комесар на резервен баталјон на ЕЛАС (1943-1944), секретар на Окружниот комитет на КОЕМ за Костурско (1945-1946), а во Граѓанската војна бил политички комесар на баталјон на ДАГ (1947-1949).[3] На 20 јуни 1949 година, по барање на Никос Захаријадис, бил одржан вонреден состанок на раководството на НОФ-КОЕМ, односно актив на КОЕМ во една пештера надвор од селото Вињани, мeѓу селата Орово и Нивици, Преспанско. НА овој состанок покрај кадрите на КОЕМ, учествувале и лица од редовите на ДАГ, меѓу кои бил и Срејо Дачов.[4] Од април 1952 до јуни 1956 година, бил член на Претседателството на организацијата „Илинден“ на Македонците од егејскиот дел на Македонија во источноевропските земји.[1] Бил дел од Редакцијата на списанието „Илинден“ (1952-1956), печатено на македонски јазик, печатено во Романија. Претставувало орган на Централниот совет на организацијата „Илинден“. Бил печатен на македонски јазик со кирилица, употребувајќи и руски букви, на формат 16,5 х 25,5 см. Списанието од август 1952 година излегувло на четиринаесетина страници и тоа како периодично гласило. Покрај Стерјо Дачов во Редакцијата биле ѝ д-р Ѓорѓи Неделков, Ставре Кочов.[5] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia