Стефан Санџакоски![]() Отец Стефан Санџакоски (роден во Струга на 3 септември 1956 година) е вонреден професор на Теолошкиот факултет во Скопје. Духовната и интелектуалната клима на семејството Санџакоски ќе одигра клучна улога во процесот на формирањето на неговата личност, особено капиталното творештво во областа на филолошките и музиколошките науки на семејниот патријарх, архимандритот Калистрат Зографски. Откако завршил гимназија (природно-математичка насока) во Струга, се запишал на Теолошкиот факултет во Белград. Студиите ги завршил на 18 февруари 1983 г. Во текот на студирањето му биле врачени две значајни признанија:
Со препорака на Професорскиот колегиум при Теолошкиот факултет во Белград овозможен му е шестмесечен студиски престој на Света Гора Атонска, каде го изучувал јазикот на византиските отци на Црквата. Во периодот од 1985 г. до 1988 г. се наоѓал на постдипломски студии во Париз (Франција) на Православниот теолошки институт "Св. Сергеј Радоњежки", каде по завршувањето на испитите пријавил докторат од областа на патролошко-аскетските науки. Предмет на неговите научни истражувања бил "Apoftegmata patrum", кодекс на монашки изреки од Египет на IV-V век. Ментор на истражувачкиот проект му бил професорот Оливие Клеман, ученик на славниот француски егзистенцијалист Жан Пол Сартр. Во 1990 г. Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква го избрал за наставник на Катедрите по патрологија и аскетска теологија со христијанска етика. Во 1994 г. произведен е во звањето доцент, а од 2002 год. во звањето вонреден професор. Титули
Место: Философски факултет при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје. Отец Стефан Санџакоски е познавач на хебрејскиот, старогрчкиот, латинскиот, старословенскиот, францускиот, англискиот, рускиот и на повеќето други словенски јазици. Авторски делаАвтор е на преку шеесет научни трудови објавени во домашни и странски списанија, како и на книгите:
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia