Стив Вај
Стивен Сиро Вај (англиски: Steven Siro Vai) (роден на 6 јуни 1960 во Њујорк) е американски гитарист-виртуоз, композитор, и продуцент, забележлив по тоа што ја добил наградата Греми (заедно со девет номинации) и често споменуван како влијание од многу гитаристи уште од 80-тите. Ран животДодека растел, младиот Вај се заинтересирал за рок гигантите како Џими Хендрикс, Alice Cooper и Led Zeppelin што довело да започне да изучува да свири на гитара. Пред да се запише на музичкото училиште Беркли, Стив често свирел со неговиот учител и другар гитарски виртуоз Џо Сатриани и свирел во бројни локални групи. Тој го признава влијанието на многу гитаристи, меѓу кои и Џеф Бек и фузискиот виртуоз Алан Холдсворт. Други активностиВај ја поседува Favored Nations, компанија за снимање и издавање на албуми,[1] чијашто специјалност е меѓународно откривање и зачувување на таленти. Вај е оженет за Пија Мајоко, поранешна басистка на Vixen, која што може да биде видена во Hardbodies. Стив и Пиа имаат две деца, Џулијан Ејнџел и Фајр.[2] Во неговото слободно време, Вај ужива во пчеларството, и произведениот мед Вај редовно го продава за неговата задолжбина „Make a Noise“. [1] Архивирано на 14 март 2006 г. ДискографијаСоло албумиНадворешни врски
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia