Стилијан Петров
Стилијан Аљошев Петров (бугарски: Стилиян Альошев Петров; роден 5 јули 1979) — поранешен бугарски фудбалер, играч од средниот ред. Кариерата ја започнал во екипата на Монтана, а како професионалец играл за три клуба: ЦСКА Софија (1996-1999), Селтик (1999-2006) и Астон Вила (2006-2013). Во 2003 година додека играл за Селтик бил избран за Бугарски фудбалер на годината. Во март 2012, на Петров му била дијагностицирана акутна леукемија поради која морал да ја прекине привремено својата кариера.[3] На почетокот на натпреварот на Астон Вила против Челзи, во 19 минута се одржал едноминутен аплауз, посветен на бројот 19 на неговиот дрес. Според изјавата на неговиот претставник Стивен Хјуз за Скај спортс, тој немал намера да се повлече од фудбалот.[4] Во јули 2016 година, за првпат после болеста повторно заиграл за Астон Вила во пријателскиот претсезонски натпревар против австрискиот ГАК во победата со 8-0.[5] Сепак, на 22 август 2016, тој го објавил своето повлекување од фудбалот откако не успеал да пронајде договор за продолжување на соработката со Астон Вила.[6]. За бугарската репрезентација (1998-2012) одиграл вкупно 105 натпревари и постигнал 8 голови. Со неа учествувал на Европското првенство во 2004 кога бил и капитен на репрезентацијата. Титули
Поединечни награди
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia