Стихови (Коле Неделковски, 1958)„Стихови“ — книга со избор од поезијата на Коле Неделковски, во редакција на Тодор Димитровски. Книгата била објавена во 1958 година од издавачката куќа „Кочо Рацин“. Содржина![]() Книгата содржи 23 песни од двете поетски збирки на Неделковски, „Молскавици“ и „Пеш по светот“, предговор со наслов „Лириката на Коле Неделковски“ чиј автор е Димитар Митрев, „Белешки“ на Тодор Димитровски, како и ликовни прилози (факсимили на делови од поетските збирки на Неделковски). „Молскавици“
„Пеш по светот“
Технички одликиКнигата е отпечатена во тврд повез и има 95 страници. Технички уредник бил Коста Бојаџиевски, а коректурата ја направила Костадинка Георгиева. Книгата е испечатена во печатницата „Гоце Делчев“ во Скопје, во октомври 1958 година, во тираж од 2 000 примероци. Таа не е каталогизирана и не ја поседува меѓународната ознака ISBN.[1] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia