Стоболка
Стоболка или европска стоболка (науч. Spermophilus citellus) — вид животно од семејството на вервериците. Заедно со дамчестата стоболка (Spermophilus suslicus) се единствени претставници на родот стоболки (Spermophilus) во Европа. ОписСтоболката расте до должина од 20 см и тежи помеѓу 200 и 400 грама. Таа е дневно животно и живее во колонии од поединечни дувла на пасишта и тревнати косини. Денски излегува за да храни, и тоа претежно со семиња, фиданки, корења и наземни безрбетници. Секоја колонија има стоболка што чува стража и им дава звучен сигнал на останатите кога наодаѓа некоја опасност. Стоболката спие зимски сон помеѓу есента и месец март, зависно од климата. За презимувањето се подготвува со таложење на кафеава маст во подоцнежниот дел на летото. Во раниот дел од летото стоболката раѓа 5-8 младенчиња. ![]() РаспределбаСтоболката е присутна ширум источна европа, од јужна Украина до Мала Азија, Австрија, Чешка, Романија, Бугарија, Република Македонија, Грција и на север до Полска. Во Република МакедонијаВо Република Македонија е застапен подвидот македонска стоболка (Spermophillus citellus karamani) која е строго заштитена со целосна забрана за лов.[2] Препариран примерок на стоболка е изложен во Природонаучниот музеј на Македонија во Скопје.[3] Се смета дека името го добила поради нејзините разновидни лековити својства во народната медицина (фиг. дека лечи „сто болести“). Стоболката е претежно застапена во брегалничкиот регион.[4] Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia