Стојан Илиоски

Стојан Илиоски
Роден 1927 година
Србјани, Кралство СХС
Починал април 1945 година
Славонска Пожега, Независна Држава Хрватска
Народност Македонец

Стојан Јакимов Илиоски ( 1927 во Србјани1945 во Славонска Пожега) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

Роден е во семејство кое претежно се занимавало со земјоделие. Како симпатизер на народно ослободителното движење, активно се вклучил во народно ослободителната војска на Македонија во есента 1944 година, во редовите на Првата македонска бригада. Со Бригадата, тој зел учество во борбите за конечното ослободување на Македонија. Учествувал во борбите за Кичево, Гостивар, а потоа во составот на Четириесет и осмата дивизија заминал на Сремскиот фронт. Загинал во борба против Германците кај Славонска Пожега кон крајот на април 1945 година.[1]

Поврзано

Наводи

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 57.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya