Ослободување на Македонија во Втората светска војна![]() Ослободувањето на Македонија во Втората светска војна, започнало скоро паралелно со окупацијата на Македонија, од страна на фашистичкиот окупатор. Борбите за слобода на Македонија својотата последна етапа ја заокружуваат со борбата на македонскиот народ од средината на 1944 година до конечното ослободување во ноември истата година. Ширум Македонија биле формирани околу 500 народно-ослободителни одбори и биле избрани 116 делегати за Првото заседание на АСНОМ како највисоко законодавно и извршно претставничко тело на македонската држава, на кое македонскиот јазик бил прогласен за службен во македонската држава и започна државниот развиток на Демократска Федерална Македонија како федеративна држава во рамките на ДФ Југославија. Тие решенија биле поддржани и од првата легална конференција на БКП за Горноџумајската област (Разлошка, Неврокопска, Светиврачка, Петричка и Горноџумајска околија), а во Егејскиот дел на Македонија биле формирани Костурско-леринскиот баталјон, Воденскиот македонски баталјон и потоа Првата егејска бригада, која зела учество во борбите за ослободување на Тетовско и Гостиварско. Во времето на завршните операции за ослободувањето на Македонија, под командата на Главниот штаб на Народноослободителната војска на Македонија и Партизанските одреди на Македонија веќе имале околу 85.000 учесници во НОАВМ, со 7 дивизии и 3 корпуси, меѓу кои и околу 10.000 борци и заднински соработници од Егејскиот и Пиринскиот дел на Македонија. По капитулацијата на Царството Бугарија, германските сили се повлекувале со големи загуби. А со ослободувањето на Гостивар и Тетово завршило целосното ослободување на Вардарска Македонија. Подоцна македонските дивизии учествувале и во ослободувањето на Косово и Јужна Србија, а Петнаесеттиот македонски корпус на НОВЈ, составен од 22.000 борци, зеде учество и во завршните операции за ослободувањето на Југославија. Македонскиот народ во Вардарска Македонија ја заврши војната со околу 25.000 загинати борци и жртви. Од нив по националност: 7.000 Евреи, 7.000 Македонци, 6.000 Срби, 4.000 Албанци и 1.000 Бугари[се бара извор] (2.000 цивилни, 1.000 колаборационисти, 14.000 југославски воjници и партизани и 7.000 логорници). Создавање на АСНОМСоздавање на дивизии и корпуси![]() ![]() ![]() Пролетната офанзива која ја извршиле силите на НОВ и ПОЈ биле од огромно значење за понатамошниот развој до конечното ослободување на Македонија. Веќе ослободените територии во тој период бил проширени во ново ослободени краишта. Ова довело до масовно пријавување на макеоднскиот народ во единиците на НОВ и ПОЈ. Во овој период се формирани:[1]
Со пролетната офанзива која траела 57 дена, откако бил разбиен непријателот, контрола над територијата на Македонија и јужна Србија имале единиците на НОВ и ПОЈ. Во оваа офанзива било запленето многу оружје од бугарските фашисти, кои биле поразени на многу позиции низ Македонија.[1] Се смета дека Бугарите во текот на борбата во источна Македонија и Јужна Србија имале околу 1.200 мртви и околу 500 заробени војници и офицери. По ова генералот Бојдев е сменет, а за привремен командант е поставен генерал Маринов, командант на 15та дивизија.[2] Операциите на брегалничко-струмичкиот правецПоставеност на германските сили во Источна МакедонијаНа линијата Дојран-Струмица-Штип била поставена 22та германска дивизија, додека на брегалничкиот правец 16от гренадирски полк и делови од 65от полк, чија главнина била распоредена во Кочани и Царево Село (Делчево). Еден германски баталјон бил поставен во Берово, кај Ѕвегор на врвот Чавка и една чета на планината Буковик. Борбената група „Zifgen“, го запоседнала Царево Село на 4 октомври, а делови од 11та воздухопловна-пешадиска дивизија тргнале кон правец на Куманово. Во правецот кон Струмица бил ангажиран 65-от гренадирски полк, 22-та пешадиска дивизија, чиј трет баталјон бил поставен крај Ново Село, да ја обезбедува македонско-бугарската граница. Подоцна овој полк бил заменет од групата „Katner“ чија задача била да го обезбеди повлекувањето на Групата Е од Грција, на комуникацијата Дојран-Струмица-Штип.[3] Поставеност на народно-ослободителната армија на МакедонијаБрегалничко-струмичкиот корпус бил ангажиран од граничната линија со Бугарија до реката Вардар и од Брегалница до реката Струма, а ним требало да им помага 4та бугарска армија, чија задача била да ги спречи германските сили на комуникацијата Струмица-Штип. За таа цел штабот на бугарската армија се поделил во две групи: северна и јужна. Наместо енергично дејство на зададените позиции, тие сето внимание го свртеле кон Буковик, каде делувала само една германска чета, а на сите други позиции на кои требале да дејствуваат, бугарските војници останале пасивни без извршување на зададените задачи.[3] Главниот штаб на НОБ на Македонија одржал состанок во Горна Џумаја, со командантот на 4та бугарска армија - генерал Урумов, со кој биле договорени синхронизирани напади на територијата на Македонија. По барање на Урумов, првичните планови за дејство на 8 октомври биле поместени за 15 октомври. Бугарската армија не го испочитувала нити овој датум и нападите ги почнала дури следниот ден без да им соопшти било што на Главниот Штаб на НОВ на Македонија, оставајќи ги единиците на македонската војска сами да се справат со Германските единици. Како изговор на бугарската армија за нивното недејствување ја дале причината дека вршеле преструктуирање на силите. На ова Главниот Штаб на Македонските сили испратил писмо на 16 октомври до генералот Маринов, во кој му било соопштено дека Бугарската армија нити се држи до договореното нити помага на македонските ослободителни сили, поточно на 50та дивизија. По оваа писмо на местото на генерал Урумов е назначен генерал Асен Сираков.[3] Ослободување на Берово, Пехчево![]() 50та дивизија на Македонската војска делувала по зацртаниот план: 14та и 19та бригага делувала на комуникацијата Штип-Кочани и Радовиш-Штип, додека 4та и 13та бригада, коњичкиот ескадрон на Главниот штаб на Македонија ги напаѓале непријателските единици долж комуникацијата Берово-Пехчево-Царево Село (Делчево). На 13 октомври, 4та и 13та бригада на 50та дивизија на народно-ослободителната војска на Македонија го ослободиле Берово и Пехчево и ги заземале врвовите Голак и Чавка, а со тоа всушност им овозможиле на бугарската армија да се позиционира на Буковик. На 17 октомври без да имаат некакви борби со германскиот непријател јужната бугарска група избила на превојот Џами-тепе крај Струмица и таму се стационирале и без никакви воени дејствија останале пасивни до 6 ноември. Дваесет дена Бугарската армија не преземала воени акциии за ослободување на градот Струмица.[3] Ослободување на КочаниПовторно бил изработен план за заедничко делување со бугарската армија, на кој и била дадена задача да делува во Царево Село (Делчево) и да го заземе до 15 октомври, за потоа да може да се делува на целиот правец Калиманци-Бигла. Повторно бугарската армија нерешително постапила и се задржала до 17 октомври. Македонските војници без да знаат дека бугарите доцнат цели два дена, почнале да ги вршат нападите за ослободување на правец Калиманци-Бигла и ослободувње на градот Кочани. 13та македонска ударна бригада на 18 октомври ги освоила позициите, а германците се повлекле источно од Кочани, па потоа кон Штип (ноќта помеѓу 21 и 22 октомври). 14та македонска ударна бригада по трет пат го нападнала Кочани и во раните утрински часови на 22 октомври го ослободила градот. Бугарската војска се појавила доцна во ноќта во веќе ослободеното Кочани.[3] Ослободување на Штип, Радовиш, Струмица, Валандово и ДојранОд 22 до 27 октомври се водат борби за ослободување на Штип. Според писмото упатено на 24 октомври од штабот на Брегалничко-струмичкиот корпус, наведено е дека повторно бугарите не се активираат во борба против германците, или воопшто не се појавуваат на бојното поле или доцнат од договорените планови. Поради ваквиот однос на бугарската армија, 50та дивизија на народно-ослободителната војска на Македонија, со решителна акција сама го извршила нападот ѝ на 8 ноември го ослободила ѝ Штип. Во периодот од 21 до 29 октомври, 51та дивизија на брегалничко-струмичкиот корпус, извршил низа успешни акции во реонот на Радовиш и селата Чечерлија, Чанаклија, Костурино и Голашец. После петдневни борби во околината на Струмица, единиците на 51та дивизија ја ослободиле Струмица на 5 ноември, а на 7 ноември и Валандово, Удово и Дојран. Во овој период бугарската 7 дивизија воопшто не делувала, а во периодот помеѓу 29 октомври и 5 ноември влегле во Ново Село, кое било напуштено од германските воени сили бидејќи си ја извршиле својата задача се повлекле во правец кон Скопје, па така бугарската армија без никаква борба влегла во селото.[3] Бугарската држава шири пропагандаВо текот и на овие операции штабовите на народно-ослободителната војска на Македонија протестирале поради неактивноста на бугарските единици и нивното неисполнување на договорите за заеднички дејствувања. Дополнителен гнев се развил откако се дознало за манипулациите кои ги ширела Бугарија, преку „Радио-Софија“, известувајќи дека бугарската армија има успеси и дека ослободува поедини градови во Македонија, кој впрочем биле ослободени од страна на народноослободителната војска на Македонија. Штабот на Брегалничко-струмичкиот корпус во извештаите од 9 и 14 ноември го известува Главниот штаб на Македонија за целосната неактивност на бугарските единици додека воделе битки во Струмичко и Штипско и барале веднаш да се демантира „Радио-Софија“, дека градовите во источна Македонија биле ослободени од бугарски војски. Подоцна ваква иста реакција кон Бугарија и „Радио-Софија“ следела и од страна на 6от корпус на народно ослободителната војска на Југославија по повод лагите дека Велес и Скопје биле ослободени од Бугарите.[3] Бугарски злосторства за време на ослободителната офанзива во Источна МакедонијаТретманот на бугарската армија кон населението и македонските партизани бил многу лош.
Ова било јасен знак дека бугарската армија не е ослободителна туку фашистичка војска. За овој однос на бугарската армија со писмо на 4 ноември бил известен бугарскиот министер, добро да им објасни на бугарските војници во чија земја се наоѓаат и да почнат да делуваат според договорите.[3][4] Операциите во североисточниот дел на МакедонијаПоставеност на германските сили во североисточна МакедонијаКривопаланечкиот правец поради обезбедување на безбеден транзит на главните сили на германската „Група Е“, која се повлекувала од Грција преку долината на Вардар и Бујановац, требала да помине низ Македонија. 11та германска воздухопловна-пешадиска дивизија, која се наоѓала во реонот од Крива Паланка до Куманово, била подржана од еден баталјон во реонот на Крива Паланка, некомплетен полк во Стража-Длабочица, а околу Страцин и Куманово останатите нејзини сили. Во втората половина на октомври овие германски сили биле појачани со уште 4 баталјони, а овде биле префрлени и борбените групи „Ayzel“ и „Freh“.[3] Поставеност на народно-ослободителните силиВо овој правец дејствувале 17та и 18та бригада на кумановската дивизија на народноослободителната војска, 8та прешевска и 12та бујановачка бригада, а со нив бугарската прва армија, на почетокот со две дивизии (1ва и 2ра), а од реката Пчиња на овие две се додала и 11та пешадиска дивизија.[3] ![]() ![]() Ослободување на Кратово![]() Градот Кратово е двапати ослободуван. Третата македонска ударна бригада и косовскиот партизански одред го нападнале бугарскиот фашистички гарнизон во Кратово на 24 април, 1944 година. Сите бугарски единици биле уништени или заробени со сета воена опрема и оружје. Македонската бригада после еднодневна борба успеала да ги порази и новојдените бугарски единици од составот на 17та дивизија на бугарската фашистичка армија кои дошле од Штип и Кочани, кои биле потпомогнати и со 5 авиони. Оваа победа била од огромно значење за понатамошниот развој на ослободителната борба на Македонскиот народ против окупаторот.[1] Кратово повторно било окупирано од бугарската фашистичка армија. Ноќта помеѓу 3 и 4 септември, Единаесеттата македонска ударна бригада ги нападнала бугарските утврдувања кај Страцин, а од таму се упатила кон месноста Петте Кладенци - Шопско Рударе каде е изготвен план за напад и ослободување на Кратово. Утрото на 6 септември, 1944 година два баталјона на Единаесеттата македонска ударна бригада од правец на село Шлегово, изршиле напад на бугарските единици кои биле помогнати од локална мала бугароманска контрачета. По само неколку часа градот бил по втор и конечен пат ослободен.[5] ![]() ![]() Ослободување на Куманово и Крива Паланка![]() ![]() Првата бугарска армија на татковинскиот фронт била ангажирана на 3 октомври да се позиционира по долината на Крива Река.[1] Дејствијата отпочнале на 7 октомври, а веќе со борбите на 8 октомври, германските сили од Крива Паланка се префрлиле на стражинската позиција помеѓу Крива Паланка и Страцин, во реонот на селата Длабочица и Петралица. Со ова на 8 октомври, бугарската армија заедно со делови од 16от корпус и 50та дивизија на народноослободителната војска на Македонија ја ослободиле Крива Паланка.[3] По четиридневни прегрупирања на бугарските единици, на 12 октомври почнат е напад на стражинските позиции кои биле бранети од групата „Ayzel“. По седум-дневна борба бугарската прва пешадиска дивизија ги освоила стражинските позиции, а германските сили се прегрупирале кај Страцин. Од другата страна на германската војска, 17та македонска бригада дејствувала на комуникација Крива Паланка-Куманово, за да го спречи снабдувањето со храна и муниција на германските единици кај Страцин. За ова време 18та македонска ударна бригада, 8та прешевска и 12та бујановачка бригада воделе секојдневни борби против германските единици „Pabst“ и „Tim“, како и 11та воздухопловна-пешадијска дивизија и албанските балисти во реонот Прешево-Бујановац.[3] Бугарската прва армија добила команда да почне напад на 22 октомври врз позициите на Страцин и да ги освои до следниот ден за да се овозможи премин до реката Пчиња, а со тоа да се создадат услови за напад кон Куманово. Иако имале одлични услови за да ја добијат оваа битка, бугарските војски дури после четиридневна борба го освоила превојот Страцин. Наместо целата оваа акција на регионот Куманово - Крива Паланка да биде завршена за предвидените 3 дена, бугарската армија и требале 18 дена за да ја заврши задачата, со тоа всушност им овозможиле прегрупирање на германските сили кои организирано се повлекле кон Куманово, а друг дел поставиле одбрана крај Пчиња. Повторно бугарската армија почнала да извршува долготрајни прегрупирања на своите сили, кои оделе во прилог на организациајта на германската војска. По направениот план за да се обиколи целиот град Куманово, повторно до израз доаѓа нерешителноста за акција на бугарската војска која не го затворила обрачот околу Куманово и токму преку тој дел германската војска помеѓу 10 и 11 ноември се извлекла и се префрлила во Скопје.[3] За односот на бугарската армија говори и првоборецот Бојан Секирарски, кој со својата чета бил известен дека ќе бидат нападнати од германците од правец на Катлановска Бања, па затоа еден бугарски ескадрон ќе им бил пратен да им помогне. Наместо помош бугарските војници избегале кон селото Градиште и ги оставиле сами на терен.[6]
Куманово било ослободено на 11 ноември од страна на 17та и 18та кумановска дивизија,[7] а со нив во градот влегле и делови од Првата дивизија на бугарсаката прва армија. Со ова престанале сите воени дејствија на бугарската армија во Македонија.[3] Ослободување на ВелесЕдиниците на 42та народна ослободителна дивизија, кои долго време се бореле на Сува Гора, биле пренесени во регионот на Велес со принуден и многу тврд марш над планината Караџица, каде пристигнале на 7 ноември 1944 година. Следниот ден, поддржана од артилерискиот оган на Артилериската школа на Генералштабот на Македонија, оваа дивизија започнала напад за ослободување на Велес. Истиот ден, таа навлегла во градот, каде започнала жестоки улични борби. Борбите на улиците во Велес продолжиле и следниот ден. Како нивно појачување пристигнале делови од 41та и 50та дивизија, а на крајот на денот, на 9 ноември 1944 година, Велес бил ослободен од здружените сили.[1] Акцијата за ослобоодување на Велес и Штип биле тесно поврзана со ослободувањето на Скопје. 50та дивизија која била во реонот на Штип со 42та дивизија која била на Сува Гора, требле да се поврзат во Велешкиот регион за да можат заедно да нападнат во Скопје. 50та дивизија незначително задоцнила (еден ден) на позицијата за нивно спојување, а тоа бил реонот на Велес. Нивното доцнење се должело на силниот отпор кој го дале Германците во реонот на Штип, каде 5та бугарска дивизија воопшто не ни учествувала како било договорено и планирано, туку пасивно ги запоседнале позициите кај Злетовска Река, без да учествуваат во битките за ослободување на Штип и реонот околу градот.[8] Ослободување на СкопјеПад на Бугарија![]() Бугарија прогласува воjна на ГерманијаВо периодот од почеток на септември до крајот на ноември 1944 година во бугарската политика спрема Македонија, Тракија и Поморавјето настапуваат нагли и драматични пресврти кои се поврзани со воено повлекување и повторно воено навлегување во овие области. На 6 септември 1944 година во штабот на Петтата бугарска армија била примена наредба сите делови да се соберат на 9 септември во Прилеп и да се движат источно од реката Вардар. Во меѓувреме, командантот генерал Александар Попдимитров склучил договор, на 7 септември 1944 година со германскиот штаб во Скопје, за „симболична војна“ на двете земји во Македонија. Ова негово дејствување ги деморализирало бугарските војници и одиграло фатална улога. Така започнало повлекувањето на Петтата бугарска армија од Македонија, што било дезорганизирано и хаотично и многу војници биле уапсени од Германците. Само 17-та пешадиска дивизија, која се наоѓала најблиску до бугарска граница успеала целосно да се повлече, а 15-та дивизија единствено се спротивставила и водела борби со Германците во Битола и Прилеп, а потоа се повлекла во мали групи кон Бугарија. Македонците и нивните сојузници, југословенските партизани, без оглед на новата состојба во Софија, кон бугарската држава се однесувале како кон непријателска сила, имајќи го на ум фактот дека Бугарите биле сојузници на фашистите. Во текот на ноќта на 8 спрема 9 септември во услови кога започнала советска окупација, левите офицери ги презеле клучните пунктови во Софија. Така во пракса, воените дејствија против Германците почнуваат по доаѓањето на власт на владата на Татковинскиот фронт на 9 септември. Тој бил предводен од Кимон Георгиев од политичкиот круг „Звено“ кој веднаш потпишал примирје со Советскиот Сојуз. Во таква ситуација како најголем стабилен партнер на новата влада се јавил т.н. „Национален комитет за ослободување на Југославија“. Како резултат на тоа, на 5 октомври 1944 година во Крајова, Романија се склучил договор за воена соработка меѓу Бугарија и претставници на отпорот од окупирана Југославија.[9][10] Во меѓувреме, Бугарија се повлекла и од централните делови на Егејска Македонија кон крајот на август. Неjзните воjски изградиле одбранбена линија по старата граница на окупаторска зона во Грција (1941-1943 г.) по бреговите на Струма до Егејското Море. По овоj правец во средината на септември таа успешно организирала неколку мали напади на германските војски. По превратот новата власт не дала наредба за повлекување на бугарските војници од источна Егејска Македонија и Западна Тракија, надеваjќи се да ги зачува како „бугарски земји“. На 6 октомври, сепак, Сталин му соопштил на Георги Димитров дека бугарските војски треба да се повлечат оттаму, бидејќи тоа е еден од условите на Велика Британија, териториии биле предадени на македонските и грчките партизани од ЕЛАС. На 28 октомври било потпишано т.н. „Московско примирје“ со СССР, САД и Велика Британија во Москва. ![]() ![]() Учеството на Бугарската народна армија во ослободувањето на Македонија![]() ![]() На 18 септември 1944 година бугарската војска се потчинила на командантот на III-ти Украински фронт на чело со маршал Фјодор Толбухин. Мобилизирањето на бугарската армија (преименувана во Бугарска народна армија) започнало на 18 септември, а завршило кон крајот на истиот месец. Пред бугарската армија, како дел од силите на советскиот III-ти Украински фронт, се поставила задачата да го обезбедува левото крило на Црвената армија, да ги притисне германските сили во Србија и Вардарска Македонија и да го прекине патот за повлекување на германските армии од Грција по долините на реките Морава, Вардар и Ибар.[12][13] Бугарската воена група била во јачина од 10 дивизии, 8 бригади и други војничкиот сили, кои се состоеле од околу 340,000 души.[14] Од 8 до 14 октомври 1944 година бугарските војски со согласност на Националниот комитет за ослободување на Југославија, Президиумот на АСНОМ и Главниот штаб на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија учествуваат во Нишката операција - во која била поразена VII СС дивизија, а градот Ниш бил ослободен. Од 8 октомври до 11 ноември траела Страцинско-кумановската операција - кога биле ослободени Страцин и Куманово. Во овие операции било дозволено и учество на мал дел на бугарската народна армија, но оваа територија е ослободена со пожртвувавната борба на 17 и 18 македонска бригада, инжинерискиот баталјон, самостојниот баталјон на народна одбрана како команди на подрачјето и местата.[7][15] Бугарската пропаганда, се труди да прикаже дека тие имале некаков удел на ослбодувањето на Македонија, но во сите спомени и интервјуа на македонските партизани и самото цивилно население го покажува токму спротивното. Бугарската армија се упатила кон Скопје, сакајќи да парадира како ослободителна војска (а, впрочем не учествувала во ниту една битка за ослободување на главниот град, бидејќи пристигнале утрото на 14 ноември откако градот веќе бил ослободен). Паралелно со оваа нечесна игра на бугарската армија, Радио Софија,[11] секојдневно ширела дезинформации низ бугарските медиуми како нивните војски играат ослободителна улога во Македонија. Ова со гнев било увидено од страна на Генералот Апостолски, кој тогаш издал наредба, со која им се забранило воопшто да влезат во Скопје, а не пак да парадираат:[11][16]
Во исто време се водела и Брегалничко-струмичката операција и како резултат на неа биле ослободени Делчево, Кочани, Штип, Струмица, Велес и други населби. За Брегалничко-струмичката операција, бугарската народна армија останала пасивна и не учествувала во ниту една од борбите за ослободување на било кој од овие градови. Дури спротивно на тоа, бил забележан нивниот некоректен однос кон македонското население, кон кое сè уште се однесувале како да се тие окупатори. Тоа било забележано од македонските партизани на што веднаш било реагирано кон бугарските министри и било испратено следното писмо:[4]
Со ова писмо, издадена е наредба до Бугарија, преку штабот на македонскиот Брегалничко-струмички корпус, преку два патни правци да си ја повлечат бугарската армија назад во Бугарија. Биле забранети било кои други правци да ги користат кога ќе се повлекуваат и доколку било кој бугарски војник повтори некаков инцидент кон македонското население ќе му биде судено на лице место, а во случај на отпор ќе бидат и стрелани. Се издала наредба со која им се забранува какво било формирање на органи на власт или воена полиција, како и забрана за движење низ македонските села. Јасно им било дадено до знаење дека на македонска територија, ќе се почитува македонската власт.[4] Од 21 октомври до 30 ноември се одржала Косовската операција, во текот на која биле ослободени градовите Подуево, Приштина, Косовска Митровица, Рашко и Нови пазар. Насекаде југословенските партизани соработувале со Бугарската народна армија но под условите кои ги поставил Тито, а потпишани од Добри Терпешев, но оваа соработка е обележана со тешкотии при делувањето и недоволно разбирање помеѓу единиците.[17]. Под притисок на македонските водачи, по ослободувањето на Вардарска Македонија и Поморавјето, Втората и Четвртата армија се принудени да се повлечат назад во Бугарија, а само Првата бугарска армија била оставена на располагање на Третиот украински фронт и продолжила кон Белград. Како е спречена Бугарската парада во СкопјеНајјасни податоци за овој чин дава Боро Чушкар во неговите мемоари и сеќавања. Исто така го потврдува фактот за манипулацијата на Радио Софија, која на големо ги манипулирала бугарските граѓани дека Генералот Стојчев лично го ослободил Скопје.[18]
Борецот Трајко Стаматовски, исто така потврдува дека ослободувањето на Скопје е дело на македонските борци и партизани. Потегот на генералот Апостолски да не им се дозволи парадирање на бугарската армија (бидејќи не учествувале во битките за слобода на Скопје), според него одиграл важна улога и за денешно време. Изненаден од тоа што Бугарија и во модерно време пробува да ја извртува и манипулира историјата за овој настан, смета дека ако тогаш им се дозволело да парадираат, дека денес Македонија ќе имала многу поголеми проблеми, објаснувајќи се со бугарската историографија.[19] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia