Стојан Протиќ
Стојан М. Протиќ (Крушевац, 16/28 јануари 1857 — Белград, 28 октомври 1923) бил српски политичар, државник и публицист, едан од основачите на Народната радикална партија во Србија. Повеќе пати бил министер за финансии. После Првата светска војна ја образувал првата влада на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците и бил прв нејзин премиер. Биографија![]() За местото лидер на Радикалната партија се судрил со Пашиќ, но изгубил и водач на партијата станал Пашиќ. Нешто повеќе од година дена бил управник на Народната библиотека на Србија (1900—1901). Го издавал и го уредувал списанието „Дело“ и весникот „Одјек“ и го напишал одговорот на австроунгарскиот ултиматум на Србији во 1914 година. Стојан Протиќ ги напишал следниве дела: „О Македонији и Македонцима“ (1888), „Албански проблем и Србија и Аустроугарска“, „Срби и Бугари у Балканском рату“, „Тајна конвенција између Србије и Аустроугарске“... Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia