Стојан ТарапузаСтојан Тарапуза (Злетово, 29 декември 1933) — македонски поет.[1] ЖивотописТарапуза е роден на 29 декември 1933 година во Злетово, Пробиштипско. Основното образование го завршил во родното место и во Штип, а потоа учел во средното техничко училиште и на Вишата педагошка академија во Скопје. Работел како новинар во редакцијата „Детска радост“, во книгоиздателството Наша книга и во Македонското радио.[2] Член е на ДПМ од 1966 година. [3] ТворештвоСтојан Тарапуза пишува поезија за деца и за возрасни. Негови позначајни дела се:[4]
Некои негови збирки и избори од неговата поезија се објавени и на други јазици (српски, албански и словенечки), како: „Насмијане капљице“ (Нови Сад, 1973), „Како се дозвива звијезда“ (Белград, 1980), „Kak prikličeš zvezdo“ (Љубљана, 1986), „Dita e di kenden e vet“ (Скопје, 1988), „Златна рука“ (Бања Лука, 1990) и „Цветови од речи“ (Горни Милановац, 1988). Покрај тоа, тој е застапен во повеќе поетски антологии, а неговите песни се преведени на повеќе јазици, и тоа: руски, германски, полски, чешки, италијански, бугарски, унгарски, романски итн. Од друга страна, тој преведувал од српскохрватски јазик. Тарапуза и уредник на антологијата на песни за деца од македонската и светската народна и уметничка поезија со наслов „Сребрени ѕвончиња“.[6] НаградиЗа своите дела Тарапуза е добитник на повеќе награди, како: трикратен добитник на наградата на Радио-телевизија Скопје која се доделувала на Струшките вечери на поезијата (во 1970 година за „Дамбара думбара“, во 1975 година за „Деновирки“ и во 1979 година за „Седум брода“); Змаевата награда во 1982 година; за книгата „Шарки жарки“ во 1995 година ја добил наградата на „Детска радост“ за најдобра книга за деца; добитник на наградата „Курирче“; исто така, тој е добитник на неколку награди за поединечни песни.[7] Како признание на долгогодишното творештво, во ноември 2014 година, Тарапуза ја добил наградата „13 Ноември“, која ја доделува градот Скопје.[8] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia