Суводолско Езеро
Суводолско Езеро — вештачко езеро во близина на селото Суводол по коешто и го добило името. ИсторијаЕзерото било создадено во текот на 1977 година.[1] ГеографијаВештачкото езеро се наоѓа во подножјето на Селечка Планина, во непосредна близина на рудникот за јаглен Суводол. Оддалечено е 19 км од Битола.[2] Во североисточниот дел, акумулацијата ги зафаќа водите на Суводолска Река, Сињевирскиот, Ораховскиот и Параловскиот Поток.[1] Намена и капацитетЕзерото било создадено за потребите на РЕК „Битола“.[2] Вкупната зафатнина на акумулацијата изнесува 6.000.000 м3 Таа го штити површинскиот коп од продор на површински води, ненадејни плавења, а служи и за обезбедување вода за ТЕЦ „Битола“. Од безбедносни причини, нивото на водата во езерото се одржува на надморска височина од 680 м. Преливниот канал на акумулацијата не е во функција, а водата од неа се одведува со помош на епоксиден цевковод со Ø 800/600 мм до каналот X и понатаму во Црна Река. Подземното отекнување под телото на браната е 27,91 л/сек., што е променливо во зависност од нивото на водата во самата акумулација.[3] Со изградбата на езерото е нарушен природниот режим на подземните води, што дополнително го поттикнува прехранувањето на рудникот со подземни води. Влијанието на ваквото прехранување е потврдено со воспоставената корелациска врска помеѓу нивоата на водите во акумулацијата и нивоата на подземните води во пиезометрите во североисточниот дел на наоѓалиштето, со појавите на артеските води во дупнатините во североисточниот дел, како и со појавите на пукнатини (активни) во зоната помеѓу телото на браната и ПК „Суводол“.[3] Квалитет на водаВодата во езерото квалитативно не се разликува многу од онаа во Суводолска Река. Добриот квалитет се јавува поради тоа што водите не се подложни на загадување. Водите се неутрални, благо минерализирани, претежно меки до умерено тврди и како такви може да се користат за водоснабдување на земјоделски површини. Според макрокомпонентниот состав, тие припаѓаат на типот на води со хемиски состав HCO3-SO4/(K + Na)- Mg.[4] Влијание врз животна средина![]() Суводолското Езеро има главно позитивно влијание врз животната средина. Покрај нејзината првична намена, таа врши прехранување на подземните води на самото наоѓалиште, што е потврдено со корелациската врска помеѓу нивото на вода во акулуацијата и нивото на подземните води во пиезометрите во североисточниот дел на наоѓалиштето.[5] Сепак, изградбата на акумулацијата има и штетни влијанија, како што се:[1]
Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia