Суперкуп на Франција 2018
Суперкуп на Франција 2018 било 23-то издание на Суперкупот на Франција. Во натпреварот се натпреварувале победникот на Лига 1 2017-2018 и Купот на Франција Париз Сен Жермен, и вицешампионот на Лига 1, Монако. Натпреварот се одиграл на Унивезитетскиот спортски центар во Шенџен, Кина.[2] Натпреварот практички бил реприза на претходното издание, во кое ПСЖ го победил Монако со 2–1. Париз Сен Жермен го победил Монако со 4-0 и го освоил Суперкупот на Франција 2018, нивни шести последователен а вкупно осми во историјата наслов во Суперкупот на Франција.[3] Стрелци за парижаните биле Анхел Ди Марија (два гола), Кристофер Нкунку и Тимоти Веа. НатпреварДетали од натпреварот
Екипа победник![]() Париз Сен Жермен Победник на Суперкупот на Франција 2018 8. титула Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia