Камил Глик
Камил Јацек Глик (роден на 3 февруари 1988 година, во Јастшембје-Здруј) — полски фудбалер, играч од одбраната на Монако и на полската репрезентација. Исто така тој има и германски пасош. Технички одликиТој е висок централен дефанзивец[1], надарен со голема физичка сила, но и добра подвижност; неговата предност е несомнено играта во воздухот, благодарение на која е опасен и во противничките шеснаесетници каде се приклучува често по изведувањето на прекини и неретко постигнува голови.[2] Клупска кариераПочетоците во Полска, Реал Мадрид Ц и Пјаст ГливицеТој ја започна својата кариера во младинските категории на МОСИР Јастшембје-Здруј и ВСП Воѓислав Слонски, а потоа преминал во екипата на Шлеска Љубомија каде ја одиграл својата прва сезона како професионалец. Искуството во Шпанија, во екипата на Орадада, му овозможило да биде забележан од страна на скаутите на Реал Мадрид, кој го довеле младиот полјак во 2006 и го регистрирале за настап во "Ц" тимот на Кралевите за сезоната 2006-2007. По две сезони во Мадрид, во летото 2008 година Глик одлучил да се врати во својата земја потпишувајќи за прволигашот Пјаст Гливице. Во првата своја сезона во Пјаст одиграл 26 натпревари во лигата, а во сезоната 2009-2010, ги постигнал неговите први два гола за клубот и забележал 28 настапи.[3] ПалермоНа крајот од сезоната на управата на Пјаст Гливице им го понудила Глик на италијанскиот Палермо.[4] и на 7 јули 2010, бил официјално ангажиран од страна на сицилијанците, коишто го купиле играчот за необјавена сума и потпишале договор на пет години;[5] Тој го направил своето деби во розовиот дрес во првиот натпревар од плејофот рундата на Лигата на Европа против словенечкиот Марибор (3-0 победа), на домашен терен.[6] За него тоа било воедно и деби во европските меѓународни натпреварувања за клубови. Потоа тој речиси никогаш не бил вклучен меѓу 18-те играчи кои го сочинуваат ростерот за одреден натпревар, па сè до зимската пауза собрал само три натпревари сите во групната фаза од Лигата на Европа, и така тој не успеал да дебитира во првата италијанска лига во дресот на Палермо. БариНеколку дена пред официјалното повторно отворање на трансферниот прозорец, на 28 декември, Палермо дозволиле Глик да тренира со својот нов тим, Бари во кој дошол на позајмица до крајот на сезоната.[7] Глик имал силна поддршка од страна на тренерот Џампјеро Вентура. Договорот е депониран на 4 јануари 2011[8] а првенството продолжило на 6 јануари, кога на распоредот бил натпреварот Лече-Бари (0-1),[9], во кој бил клучна фигура во одбраната,[10] притоа тоа било неговото деби во италијанската фудбалска лига. Во Бари Глик бил стартер, и одиграл 16 натпревари во лигата и еден во Купот на Италија. Во 35-тото коло, во натпреварот Бари-Рома (2-3), заработил црвен картон кој му донел последователна суспензија од три натпревари со што предвреме ја завршил сезоната, па така натпреварот против рисмаката волчиица се испоставил како негов последен во дресот на Бари.[11] Откако заемот завршил, тој се вратил во Палермо, меѓутоа не бил повикан во претсезонскиот тренинг-камп, поради што морал да го напушти клубот.[12] Торино![]() На 12 јули 2011, Глик му се приклучил на Торино во Серија Б со договор за ко-сопственост со Палермо,[13][14] за 300.000 евра.[15] Дебитирал за граната на 13 август во натпреварот Торино-Лумецане (1-0) во вториот круг од Купот на Италија, играјќи како стартер.[16] Првиот гол за Торино го постигнал во 34-тото коло од првенството, во натпреварот Торино-Реџина (1-0).[17] На крајот од сезоната со 23 настапи и 2 гола му помогнал на својот клуб да избори промоција во Серија А. На 22 јуни 2012, Палермо и Торино го обновиле партнерството врз договорот на Глик.[18][19] На 31 октомври 2012 го постигнал својот прв гол во Серија А, во десеттото коло од првенството 2012-2013, на гостински терен против Лацио, стрелајќи со глава по нафрлената топка од корнер за отворање на резултатот во 10-тата минута; натпреварот завршил 1-1. Во текот на сезоната 2012-2013 ги одиграл своите први два градски-дербија (Дерби дела Моле) против Јувентус, и интересно и двата натпревари ги завршил предвреме заради добивање на црвен картон (првиот играч во историјата на лигата кој бил исклучен во ова дерби и во првиот и во вториот натпревар), и покрај тоа успеал да стане идол на навивачите на Торо. На 20 јуни, Торино го откупува целиот договор на Глик од Палермо за 1,2 милиони евра.[20][21] За сезоната 2013-2014, Глик бил назначен за капитен на Торино по заминувањето на Роландо Бјанки.[22] Сезоната ја завршил со 34 натпревари во лигата - придонесувајќи многу за квалификацијата на тимот за Лига Европа 2014-2015.[23] На 25 мај 2014 година го обновил договорот до 2017 година.[24] На 31 јули 2014, го направил своето деби во дресот на Торино во меѓународни натпревари, играјќи во првиот натпревар од второто квалификациско коло од Лигата на Европа победата со 3-0 на гостувањето против шведската екипа Бромапојкарна, во првиот натпревар од сезоната 2014-2015. На 24 септември 2014 година, на гостувањето против Каљари, постигнал гол за моментален резултат 1-1 во својот стотти натпревар за граната; Торо победил на тој натпревар одигран во Сардинија со 2-1. На 21 декември 2014, за првпат во својата кариера Глик бил двоен стрелец на еден натпревар носејќи му пресврт и победа на крајот на неговиот тим над Џенова (2-1) на Олимпискиот стадион во Торино. На 10 јануари 2015, постигнал изедначувачки гол на неколку минути пред крајот против Милан. На 1 март го постигнал единствениот гол на натпреварот во победата со 1-0 против Наполи. На 19 март, го одбележал својот прв гол во евопските натпреварувања во вториот натпревар од осминафиналето на Лигата на Европа, против Зенит. Неговата му донел победа на Торино со 1-0, но не и пролаз понатаму затоа што во првиот натпревар русите победиле со 2-0. На 5 април постигнал гол и во победата над Аталанта со 2-1. Извонредната сезона во дресот на Торино, Глик ја завршил со 44 настапи и 8 постигнати гола во сите натпреварувања, придонесувајќи многу за добрата сезона на клубот. Иако е играч од одбраната, со својте 8 гола во сите натпреварувања завршил како трет клупски стрелец зад напаѓачите Фабио Кваљарела (17) и Макси Лопес (11). МонакоНа 4 јули 2016, Глик се преселил во Монако за сума од 11 милиони евра плус 4 милиони бонуси, потпишувајќи четиригодишен договор. Репрезентативна кариераГлик одиграл 14 натпревари и постигнал 3 гола за Полската репрезентација под 21 година. Во 2010 година тој го направил своето деби за сениорската репрезентација, откако претходно на 18 декември 2009 добил повик но останал неискористена замена. Со тоа тој станал првиот играч на Пјаст Гливице, клуб со долга историја, кој заиграл за полската репрезентација. Натпреварот на неговото деби бил одигран на 20 јануари 2010 година против Тајланд во Кинг купот, во кој неговата репрезентација победила со 3-1, а тој го постигнал првиот гол на натпреварот во 43-тата минута. Првиот официјален натпревар во кој играл бил победата со 2-0 над Бугарија на 3 март. На 17 октомври 2012 година, постигнал гол со кој ги поставил конечните 1-1 на домашен терен против Англија во Квалификациите за Светското првенство 2014.[25] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia