Српска Суперлига (српски: Суперлига Србије / Superliga Srbije) — службено име за главната и најсилната професионална фудбалска лига на Србија. Лигата се состои од 16 фудбалски клубови. Лигата била формирана во летото 2005 година. По одвојувањето на Црна Гора во летото 2006 година, само српските тимови учествуват на првенството.
Претходно српските клубови се натпреварувале во Југословенската прва лига која била формирена во 1923 година и траела до 2003 година. По распадот на Југославија во 1991 година и создавањето на СР Југославија, името Југославија се зачувало до 2003 година, кога било променето во Србија и Црна Гора. Овој сојуз продолжил до 2006 година, кога Црна Гора се одвоила од земјата и основала своја лига.
Моментален шампион, според сезоната 2019-2020 година, е ФК Црвена ѕвезда. УЕФА во моментов ја рангира лигата на 16-то место во Европа од 55 лиги .[1] Лигата била позната како Меридијан Прва лига / Супер лига од 2004 година до 2008 година. Официјален спонзор на лигата до 2015 година бил брендот Јелен пиво, со што резултираше во официјалното име на лигата да биде Јелен Супер Лига.
Првопласираниот тим игра во втората квалификациска рунда од Лигата на шампионите, додека освојувачот на второто место игра во второто квалификациско коло на Лигата на Европа, а третиот во првиот квалификациски круг од истото натпреварување. Тимот што го освоил Купот на Србија игра во квалификацискиот круг на Лигата на Европа.
Историја
Југословенската прва лига била основана во 1923 година и ги собрала најдобрите клубови од поранешна Југославија. Во 1991 година, клубовите од Словенија и Хрватска заминале од лигата и формирале сопствени лиги, а во 1992 година истото го направиле и клубовите од Босна и Херцеговина и Македонија. Југословенската прва лига се играла од 1992 година со клубови од Србија и Црна Гора, до 2006 година, кога Црна Гора прогласила независност, а потоа формирала и своја лига. Од 2006 година лигата е формирана исклучиво од клубови од Србија и преименувана во Српска Суперлига .
Клубови во сезоната 2020/21
Српска лига (1914/1920–1922/1941–1944)
Клуб
|
Титули
|
Година на освојување
|
ОФК |
5
|
1920, 1921, 1941, 1943, 1944
|
Југославија |
3
|
1914, 1922, 1942
|
Кралство Југославија (1923–1940)
Југословенска фудбалска лига (1946–1992)
Клуб
|
Титули
|
Година на освојување
|
Второ место
|
Трето место
|
Црвена Ѕвезда |
19
|
1951, 1953, 1956, 1957, 1959, 1960, 1964, 1968, 1969, 1970, 1973, 1977, 1980, 1981, 1984, 1988, 1990, 1991, 1992
|
9
|
7
|
Партизан |
11
|
1947, 1949, 1961, 1962, 1963, 1965, 1976, 1978, 1983, 1986, 1987
|
9
|
8
|
Војводина |
2
|
1966, 1989
|
3
|
2
|
ОФК
|
|
|
2
|
2
|
Раднички Белград
|
|
|
|
2
|
Раднички Ниш
|
|
|
|
2
|
Прва лига на Србија и Црна Гора (1992–2006)
Во 1992 година Југословенската прва лига го променила своето име во Прва лига на СР Југославија и оттогаш во лигата настапувале клубови од Србија и Црна Гора.
Победникот на лигата имал пристап до квалификациите за Лигата на шампионите, а вториот, третиот и победникот на Купот во Купот на УЕФА. Последните два клуба биле префрлани во двете Втори лиги во зависност од републиката во која се наоѓаат, Втората лига на Србија и Втората лига на Црна Гора .
Во 2002 година, СР Југославија го променила своето име во Србија и Црна Гора, а лигата била позната кко Прва лига на Србија и Црна Гора помеѓу 2002 година и нејзиното распуштање, во 2006 година. Во 2006 година Србија и Црна Гора се одделиле и формирале сопствени лиги (Српска Суперлига и Црногорска Прва лига). Српската Суперлига официјално била прогласена за наследник на Првата лига на СР Југославија и Србија и Црна Гора.
Вкупно 41 клубови учествувале во лигата помеѓу 1992 и 2006 година, 34 од Србија, 6 од Црна Гора и еден од Босна и Херцеговина. Вкупно 3 клуба биле шампиони, сите од Србија, Партизан (8 пати), Црвена ѕвезда (5 пати) и Обилиќ (еднаш).
Српска Суперлига (2006– )
Клуб
|
Титули
|
Година на освојување
|
Второ место
|
Трето место
|
Партизан |
8
|
2008, 2009, 2010, 2011, 2012, 2013, 2015, 2017
|
4
|
|
Црвена Ѕвезда |
4
|
2007, 2014, 2016, 2018
|
7
|
1
|
Војводина |
|
|
1
|
6
|
Чукарички
|
|
|
|
2
|
Јагодина
|
|
|
|
1
|
ОФК Белград
|
|
|
|
1
|
Раднички Ниш
|
|
|
|
1
|
Табела на освоени титули (1923–2018)
Клуб
|
Титули
|
Година на освојување
|
Второ место
|
Црвена Ѕвезда |
28
|
1951, 1953, 1956, 1957, 1959, 1960, 1964, 1968, 1969, 1970, 1973, 1977, 1980, 1981, 1984, 1988, 1990, 1991, 1992, 1995, 2000, 2001, 2004, 2006, 2007, 2014, 2016, 2018
|
24
|
Партизан |
27
|
1947, 1949, 1961, 1962, 1963, 1965, 1976, 1978, 1983, 1986, 1987, 1993, 1994, 1996, 1997, 1999, 2002, 2003, 2005, 2008, 2009, 2010, 2011, 2012, 2013, 2015, 2017
|
18
|
ОФК |
5
|
1931, 1933, 1935, 1936, 1939
|
6
|
Војводина |
2
|
1966, 1989
|
4
|
Југославија |
2
|
1924, 1925
|
3
|
Обилиќ |
1
|
1998
|
1
|
Учество и пласман на клубовите по сезона
Најдобри стрелци
Стадиони
Најголеми стадиони според капацитет
Стадион
|
Клуб
|
Град
|
Отворен
|
Капацитет
|
1
|
Стадион Рајко Митиќ
|
ФК Црвена Ѕвезда
|
Белград
|
1963
|
55,538
|
2
|
Партизан
|
ФК Партизан
|
Белград
|
1951
|
32,710
|
3
|
Омладински стадион
|
ОФК Београд
|
Белград
|
1957
|
19,100
|
4
|
Стадион Чаир
|
ФК Раднички Ниш
|
Ниш
|
1963
|
18,151
|
5
|
Стадион Смедерево
|
ФК Смедерево
|
Смедерево
|
1930
|
17,200
|
6
|
Стадион Чика Дача
|
ФК Раднички 1923
|
Крагуевац
|
1957
|
15,100
|
7
|
Стадион Караѓорѓе
|
ФК Војводина
|
Нови Сад
|
1924
|
15,000
|
8
|
Стадион Јагодина
|
ФК Јагодина
|
Јагодина
|
1958
|
15,000
|
9
|
Стадион Караѓорѓев парк
|
ФК Банат
|
Зрењанин
|
1968
|
13,500
|
10
|
Стадион Суботица
|
ФК Спартак Суботица
|
Суботица
|
1936
|
13,000
|
-
Стадион Рајко Митиќ
-
Стадион Партизан
-
Стадион Чаир
-
Стадион Караѓорѓе
УЕФА ранг листа
Национална лига
Состојба до крајот на сезоната 2017/18[2]
Тимови
Состојба до крајот на сезоната 2017/18.[3]
Наводи
Надворешни врски
|