Супермесечина![]() Супермесечина — полна месечина или млада месечина која скоро се совпаѓа со перигеј - односно најблиското растојание на кое месечината се наоѓа од Земјата во својата елипсовидна орбита - што резултира со малку поголема од вообичаената очигледна големина на месечевиот диск како што е гледано од Земјата[1]. Техничкото име е перигеј-сизигија (на системот Земја-Месечина-Сонце) или целосна (или нова) Месечина околу перигеја. Терминот супермесечина е астролошки по потекло и нема прецизна астрономска дефиниција[2]. Вистинската поврзаност на Месечината со океанските и корусните плими, довело до тврдења дека феноменот на супермесечина може да биде поврзан со зголемен ризик од настани како земјотреси и вулкански ерупции, но не е пронајдена таква врска[3]. Спротивниот феномен од супермесечина се нарекува микромесечина[4], иако овој термин не е толку раширен како супермесечина. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia