Сфера![]() Сфера (грчки: σφαῖρα — „топка“)[1] — совршено тркалезно геометриско тело. Како и кај кружницата (во две димензии), сферата претставува множество точки, сите подеднакво оддалечени (r) од дадена точка во просторот. Растојанието r е полупречник на кружницата, а дадената точка е нејзиниот центар. Најголемото растојание помеѓу две точки на сферата се нарекува пречник. Тој минува низ центарот, и така е еднаков на два полупречника. Геометријата прави разлика помеѓу сфера (која е впрочем дводимензионална затворена површина вметната во тридимензионален простор) и топка, која е вистинско тридимензионално тело бидејќи го вклучува и внатрешниот простор на сферата. Сферата е ротациона површина, т.е. се добива со ротација на полукружница околу дијаметарот. Растојанието од центарот на сферата до дадената рамнина Σ се вика централно растојание на рамнината и сферата. Ако тоа растојание е еднакво на радисуот на сферата, тогаш сферата и рамнината имаат една заедничка точка, па рамнината ја допира сферата и се вика тангентна рамнина. Ако растојанието, пак, е помало од радиусот на сферата, тогаш рамнината ја сече сферата, а пресекот на сферата со рамнина е кружница. Ако рамнината минува низ центарот на сферата, тогаш пресекот е најголемата кружница и тогаш сферата е поделена на две полусфери. Ако, пак, рамнината Σ ја сече сферата, но не минува низ центарот, тогаш сферата е поделена на два нееднакви дела при што секој од нив се вика калота. Вообичаено, како калота се смета помалиот дел од сферата. Делот од сферата што е зафатен меѓу два паралелни пресеци се вика појас или зона. Растојаниеот меѓу двата паралелни пресеци е висина на појасот.[2] Основни формулиПлоштина на сфера се пресметува со следнава формула:[3] Плоштина на појасот на сфера се пресметува со следнава формула:[4] Волуменот на сфераata (топка) се пресметува според формулата: Површината на отсечокот на сферата се пресметува според формулата:
Сферата во тридимензионален просторРавенката каде се координатите на центарот на сферата, а е полупречникот. Параметарска равенка на сфера со центар во точката : каде и Делови на сфератаСферата се дели на две подеднакви „полусфери“ кога низ нејзиниот центар минува рамнина. Доколку низ центарот се сечат две рамнини, тогаш тие ја делат на два двоаголника (а топката на два „сферни клина“). Ако потсечеме една топка, добиваме одвоен дел наречен „калота“ (капа). Ако сферата ја сечат две рамнини, делот меѓу нив ќе биде „појас“, а во случај на топка, ќе биде „слој“. Отсечката чии крајни точки се центарот на сферата и која било точка од сферата се вика радиус на сферата. Отсечката, пак, чии крајни точки се кои било две точки од сферата се вика тетива. Тетивата што минува низ центарот на сферата се вика дијаметар.[5] Воопштување на сфератаСферата може да се воопшти на колку било димензии. За секој природен број n постои „n-сфера“, (се запишува Sn), која е множество од точки во (n + 1)-димензионален простор на подеднакво растојание r од централната точка во просторот, каде r е, како и претходно, позитивен реален број. Поконкретно:
Сферата каде n > 2 се нарекува и хиперсфера. Сферна геометрија![]() Основните елементи на планиметријата се точката и линијата. Кај сферата, точките се дефинираат исто, но линиите се поинакви. Ако мериме по лачна должина, најкраткиот пат што поврзува две точки што лежат на сферата е дел од голема кружница што ги содржи тие две точки. За сферата важат многу теореми од класичната геометрија, но има многу што не важат (погл. аксиома за паралелноста). Во сферната тригонометрија, аглите се сместени помеѓу големи кружници, па затоа по многу нешта се разликува од обичната тригонометрија. На пример, збирот од внатрешните агли на сферниот триаголник е поголем од 180 степени. Исто така, секои два слични сферни триаголника се складни. Единаесет својства на сфератаВо делото „Геометријата и вообразбата“[6] Давид Хилберт и Стефан Кон-Фосен даваат единаесет својства. Неколку од нив важат и за рамнина, која може да се замисли како сфера со бесконечен полупречник. Својствата се следниве:
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia