Такеши Окада
Такеши Окада (роден на 25 август 1956 во Осака) — поранешен јапонски фудбалер кој бил тренер на репрезентацијата на Јапонија меѓу 2007 и 2010 година. Тренерска кариераТој бил тренер на Јапонија на Светското првенство 1998, а подоцна на клубовите Консадоле Сапоро (1999–2001) и Јокохама Маринос (2003–2006). Тој повторно бил именуван за тренер на Јапонија во 2007 година, заменувајќи го Ивица Осим, кој доживеал мозочен удар. Неговото место во 2010 година го наследил Алберто Закерони. Окада го привлекол светското внимание водејќи ја Јапонија до деветтото место на Светското првенство 2010. Тој бил пофален за претворањето на јапонскиот тим од млади, неискусни играчи во талентиран тим на млади фудбалери.[1] Тој потпишал договор со кинескиот клуб Ханчжоу Гринтаун на 14 декември 2011 година.[2] Тој го продолжил својот договор на дополнителни две години на крајот на сезоната 2012. Сепак, тој поднел оставка на 5 ноември 2013 година.[3] Статистика
Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia